12.9 C
Ohrid
среда, мај 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЕвропските вицешампиони од „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид блеснаа на „Софија Опен 2022“...

Европските вицешампиони од „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид блеснаа на „Софија Опен 2022“ и освоија 5 медали

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид, викендов учествуваше на Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир „Софија Опен 2022“ во соседна Бугарија. Учество на овој престижен натпревар зедоа 310 натпреварувачи од 48 клубови од 10 земји.

<

Боите на клубот, а воедно и на Македонија, на овој турнир ги бранеа тројца натпреварувачи, европските вицешампиони, Давид Крстески, Христијана Парулеска и Елена Јанеска, под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас V дан.

“Конкуренцијата беше голема и квалитетна, учествуваа многу европски и светски освојувачи на медали. Покрај тешката конкуренција на борилиштата, најтешко беше со судиите, но нашите шампиони ги оправдаа нашите очекувања и не израдуваа со 2 златни и 3 бронзени медали”, велат од клубот.

Нашите натпреварувачи се натпреваруваа во две дисциплини, форми (борба со замислен противник) и борби (спаринг).

Елена Јанеска, која пред неколку дена влезе во повозрасна категорија (јуниорки 16-17 години – 64 кг), иако најмлада во нејзината категорија успеа да освои бронзен медал, а патот до финале и беше запрен од актуелната Европска шампионка во таа категорија Ивет Василева, која воедно го освои и првото место во таа категорија.

Христијана Парулеска се закити со два медали, освојувајќи:

-Златен медал во борби , женски кадети 11-13 години -45 кг -Бронзен медал во форми за црвен појас женски кадети 11-13 години

Давид Крстески исто така се закити со два медали, освојувајќи:

-Златен медал во борби, јуниори 14-15 години -60 кг -Бронзен медал во форми за црн појас I дан јуниори 14-15 години

“Христијана Парулеска до златото имаше три борби, додека Давид Крстески имаше пет борби, водејќи битка и со судиите како Давид против Голијат, сепак на крајот повторно се искачија највисоко на пиедесталот. После овие историски успеси треба да бидеме горди, што имаме врвни натпреварувачи кои не го користат мотото дека е важно само да се учествува, туку се оди, се дава се од себе и по секоја цена да се победи, за да можеме сите да се радуваме. За сите овие незаборавни моменти и успеси, најзаслужен е генералниот спонзор „ПН МЕТАЛ“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски, кој користи прилика да изрази најголема благодарност до нив.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Позади Фб страната Библиска Македонија се криеле велешани кои продавале молитви !!!

Приведен измамник од Велес, на интерет продавал наводно благословени предмети На 20.05.2025 во СВР Струмица, претставник на МПЦ – OA - Струмичка Eпископија пријави...

Продавале „молитви во тегли“ на блиски на загинатите во кочанскиот пожар

Од струмичката епархија на МПЦ-ОА информираа дека во полиција пријавиле случај на измама и злоупотреба на име на владика од Епархијата, а осомничена е...

Сопственици на ресторан од Прилеп, донираа машина за перење во прилепската болница

Сопствениците на еден од најдобрите ресторани во Прилеп, ресторанот BEER TI & JA, денеска донираа машина за перење и хигиенски средства, за потребите на...

Ѓорѓиевски со нов проект: Бесплатна полуматурска прослава за сите деветоодделенци во Кисела Вода

Кисела Вода воведува нов концепт за одбележување на полуматурата, кој за првпат во Македонија обезбедува бесплатна и заедничка прослава за сите ученици од деветто...