22.1 C
Ohrid
среда, август 6, 2025
ПочетнаМакедонијаНиколоски: Во сабота ќе се случи најголемиот собир досега виден во Македонија.

Николоски: Во сабота ќе се случи најголемиот собир досега виден во Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во сабота ќе се случи најголемиот собир виден години наназад во Македонија, има одлична атмосфера и во Скопје и низ цела држава, има силна енергија и еуфорија, насочена локацијата каде ќе биде протестот пред владата, со цел рушење на оваа влада на СДСМ и ДУИ. Очекувам преку 100.000 луѓе да дојдат на тој собир, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кај „Јанко Јади бурек” на ТВ Сонце.

<

Николоски истакна дека после толку масовен протест, одговорна влада ќе си замине но бидејќи владата на Ковачевски не е одговорна влада, ќе следат низа активности кои ќе доведат до предвремени парламентарни избори.

– Ова ќе биде најголемиот собир кој треба да стави крај на ова владеење на СДСМ и ДУИ. Одговорна влада после таков собир треба да си замине. Не очекувам дека Ковачевски ќе рече дека си оди, но после тоа продолжуваме со протестно лето, кое ќе значи крај на оваа влада и очекуваме предвремени парламентарни избори. Ги повикувам граѓаните да бидат дел од оваа промена што се случува во Македонија, потенцираше Николоски.

Тој посочи дека власта од страв од масовноста се обидува да ги одврати луѓето, тоа оди во две фази.

– Првата фаза е со креирање афери или пресудата за одземање на имотот на партијата и кога видоа дека тоа не помина, сега одат со демотивирање на луѓето. Прво вкупно полицијата има капацитет да запре 5 до 7 автобуси, а ние очекуваме 100.000 луѓе, толкава маса на луѓе што никој нема да може да ги запре, истакна Николоски.

Николоски додаде дека секој кој мисли дека оваа влада не е добра и нечини ќе даде поддршка за протестот и појасни дека ќе има три рути за движење на истиот.

– Ќе им три рути за движење, едната од пред Собрание, втората рута од кај Сити Мол во Карпош и третата од МТВ и ќе завршуваат пред владата. Оваа голема бројка која ја очекуваме нема да го исполни протестот, ќе има луѓе на местото Гоце Делчев и делот кај Пошта и за нив ќе има големи видео бимови да го следат настанот, рече Николоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Брат си го убил брата си во Кавадарци, па го закопал во дворот !!!

Денеска (06.08.2025), ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo...

Прв ваков случај во Македонија: Регистрација на осуденик во затворот во Струмица.

Во Казнено-поправната установа Затвор Струмица денес се случи редок, но длабоко значаен хуман чин – првпат во историјата на установата беше законски регистрирано осудено...

Дарко Влогс: „Бев жртва на семејно насилство – сопругата ме тепаше во Америка.

Дарко Јефремов, во јавноста попознат како Дарко Влогс – некогаш а богами и сега еден од најследените Македонци на Инстаграм и познат влогер од...

Богојески: Вранишковски да се одлучи – дали е српски или македонски владика!

По повод присуството на т.н. владика Зоран Вранишковски на прославата на Илинден на Мечкин Камен, користејќи возило со српски регистарски таблички, претседателот на Македонски...