30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПриведени три лица во Карбинци, пронајдени 15.500 стебла марихуана вредна над 5...

Приведени три лица во Карбинци, пронајдени 15.500 стебла марихуана вредна над 5 милиони евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претреси во Крабинци, лишени од слобода три лица кај кој биле пронајдени 15.500 стебла од растението канабис, од кој при берба би се добиле осум тона марихуана, со пазарна вредност од над пет милиони евра. Во текот на вчерашниот ден (13.06.2022) на подрачјето на општина Карбинци, штипско, од страна на полициски службеници Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Штип е спроведена ваквата акција.

<

„Лишени од слобода се Н.С.(56), А.Н.(37) и М.С.(36), сите од с.Карбинци, штипско, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од која при берба би се добиле околу 8 тона марихуана, со пазарна вредност од над 5 милиони евра.

Имено, по преземени мерки и активности полициски службеници во атарот на село Карбинци открија површина од околу 1.300 м2 засадена со околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од кои дел во цветови. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, и со претходно обезбедени Наредби за претрес на дом и други простории од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на 5 локации во село Карбинци во врска со производство на наркотична дрога марихуана, при што кај едно лице се пронајдени 690 растенија канабис, кај второто лице 36 растенија, а во нива сопственост на третото лице се пронајдени 15.415 растенија канабис, како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.

По документирање на случаите против трите лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Лаура Стојанова М-Нет

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...