22.1 C
Ohrid
среда, август 6, 2025
ПочетнаМакедонија11 години од поставувањето на споменикот на Александар Македонски во центарот на...

11 години од поставувањето на споменикот на Александар Македонски во центарот на Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во присуство на голем број граѓани, скопскиот градоначалник Коце Трајановски и авторката на идејниот проект Валентина Стевановска, пред 11 години на постаментот на фонтаната на плоштадот „Македонија“ во Скопје беше поставена скулптурата на Александар Македонски.

<

„Среќна сум и горда што денеска Ве има тука во толку голем број, што дојдовте да го видите споменикот на кој работев три години. Се надевам дека кога целото дело ќе биде комплетирано, со сите планирани пропратни фигури, ќе се покаже вистинската слика и сите ќе бидат уште позадоволни“, изјави тогаш Стевановска по поставувањето на скулптурата.
Таа нагласи дека е особено горда што Александар Македонски ќе остане во македонско наследство за сите генерации.

Скулптурата изработена од бронза и висока речиси 13 метри е поставена на 10-метарски бетонски постамент. Релјефите прикажуваат сце­ни од бор­би­те на вој­ска­та која ја пред­во­дел Алек­сан­дар Ма­ке­дон­ски.

Техничките процедури и активности околу поставувањето ги изврши професионален тим од „Фрединандо Маринели“ каде е изработена скулптурата. Ли­е­ње­то на чи­ни око­лу 4,5 ми­ли­о­ни ев­ра, а из­град­ба­та на фон­та­ната 4 ми­ли­о­ни ев­ра.

Во истовреме во Битила, на плоштадот „Магнолија“ кај градскиот часовник беше поставен споменикот на Филип Втори, основачот на Хераклеја Линкестис, градот претходник на Битола во 4 век пред нашата ера.

Споменикот на македонскиот крал Филип Втори е во свечена одора, качен на коњ, излиен во бронза во Нови Сад, заедно со постаментот е висок 8,5 метри и е идејно решение на Ангел Коруновски, скулптор од Велес.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Брат си го убил брата си во Кавадарци, па го закопал во дворот !!!

Денеска (06.08.2025), ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo...

Прв ваков случај во Македонија: Регистрација на осуденик во затворот во Струмица.

Во Казнено-поправната установа Затвор Струмица денес се случи редок, но длабоко значаен хуман чин – првпат во историјата на установата беше законски регистрирано осудено...

Дарко Влогс: „Бев жртва на семејно насилство – сопругата ме тепаше во Америка.

Дарко Јефремов, во јавноста попознат како Дарко Влогс – некогаш а богами и сега еден од најследените Македонци на Инстаграм и познат влогер од...

Богојески: Вранишковски да се одлучи – дали е српски или македонски владика!

По повод присуството на т.н. владика Зоран Вранишковски на прославата на Илинден на Мечкин Камен, користејќи возило со српски регистарски таблички, претседателот на Македонски...