27.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонците кои работат во Италија бараат дополнителна авиолинија на WizzAir на релација...

Македонците кои работат во Италија бараат дополнителна авиолинија на WizzAir на релација Тревизо-Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи испрати барање до Министерството за транспорт и врски за дополнителни авиолинии на релација Тревизо-Охрид откако престојуваше во Италија и имаше средби со претставници на здруженијата на нашинците во регионот на Венето.

<

Нашите активни здруженија во регионот Венето изразија потреба од авиолинија Тревизо-Охрид, бидејќи во овој регион живеат и работат околу 25.000 граѓани од Република Македонија, од кои половината се од југозападниот регион: Дебар, Центар Жупа, Кичево, Охрид, Струга, Маврово-Ростуше, објави Чупи на Facebook.

Тој додава дека со реализација на барањето, ќе се „ублажат тешкотиите на нашите граѓани“.

– Врз основа на договорот за финансиска поддршка помеѓу Република Македонија и компанијата WizzAir реализиран во 2019 година за осум авиолинии, испратив барање до Министерството за транспорт и врски да се изнајдат можности за реализација на дополнителни авиолинии на релација Тревизо-Охрид, со цел да се ублажат тешкотиите на нашите граѓани, соопшти Чупи.

Најавата за ова наиде на позитивни коментари од нашите иселеници, според кои ова го бараат десет години, а првпат некој македонски функционер тоа јавно го објавува. Очекуваат и дека барањето ќе биде исполнето. (Крај)

извор: 24info.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...