-1.1 C
Ohrid
вторник, јануари 14, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски преку видео-врска се приклучи на средбата Зеленски, Рама и Абазовиќ

Ковачевски преку видео-врска се приклучи на средбата Зеленски, Рама и Абазовиќ

spot_img

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев се сретна со албанскиот премиер Еди Рама и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, по што одржаа заедничка прес-конференција.

Претходно на средбата преку видео-врска се приклучил и премиерот Димитар Ковачевски. Македонскиот премиер не одлета со неговите колеги од Западен Балкан, поради набиена агенда и одржувањето на Преспа форумот за дијалог во Охрид.

На средбата било посочено дека Црна Гора, Албанија и Северна Македонија ја поддржале иницијативата Украина да го добие бараниот статус на земја кандидат за членство во Европската унија.

Премиерите на Црна Гора и Албанија денеска го посетиле главниот град на Украина Киев и поширокиот дел од регионот на Киев, вклучително и Буча.
Меѓународните партнери продолжуваат да ја поддржуваат Украина. И ова е важен показател за помагање на нашиот народ. На овој европски пат нашите земји не се конкуренти, туку држави кои делуваат комплементарно и ги зајакнуваат заедничките капацитети, кажал Зеленски.
Извор-Локално.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...

Охридски газда изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер.

Охридската компанија Тамаро, водечкиот локален ланец маркети, изненади тројца од своите вработени кои имаат најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер. Билјана Стевановиќ...