6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаКостадинов: 12.000 фирми не можат да исплатата плата за февруари поради ВМРО

Костадинов: 12.000 фирми не можат да исплатата плата за февруари поради ВМРО

spot_imgspot_img

Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, по напуштањето на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница, ја обвини најголемата опозициска партија дека 12.000 фирми неможат да исплатат плата за февруари затоа што не можат да бидат изгласани законите од сетот на економски мерки за помош.

Овие законски предлози беа дел од 36 седница, на која денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, и даде приоритет, пред пратеничките прашања наменети за членовите на Владата. На овој потег опозицијата се налути и ја напушти седницата, по што владеачкото мнозинство остана без кворум.

– Опозицијата три дена глуми наводна загриженост за економијата и граѓаните. Бараат посебна седница за да се донесат законите од петтиот пакет. Денеска таа 36.седница е отворена и целата јавност виде што ВМРО-ДПМНЕ направи. Повторно излегоа од салата, нивниот координатопр бара паузи и ја блокираат работата на парламентот. Се потврди уште еднаш, она што јавноста цело време го гледа – ВМРО-ДПМЕН покажа дека е против интересот на граѓаните, рече Костадинов на брифингот со новинарите во Собранието.

Тој ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во салата, бидејќи тоа е, како што вели гласноговорникот на СДСМ, неодговорност кон државата и граѓаните кои им ги обезбедуваат платите.

– Околу 12.000 фирми немаат исплатено плата за месец февруари затоа што ја чекаат државната помош. Да надвладее разумот и да се откажат од поставување пратенички прашања. Влезете во сала за еднаш заедно да направиме нешто добро, повика Костадинов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...