15.9 C
Ohrid
четврток, април 24, 2025
ПочетнаМакедонијаЗавршена е реобдукцијата на телото на починатиот 26 – годишен Јован Витанов...

Завршена е реобдукцијата на телото на починатиот 26 – годишен Јован Витанов oд Струмица

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Завршена е реобдукцијата на телото на починатиот 26 – годишен Јован Витанов кое беше пронајдено кај струмичко Ново Село. Се чека уште на дополнителните резултати од токсиколошките анализи, кои сѐ уште се работат, објави порталот novatv повикувајќи се на свои извори.

<

– Кај дел од стручната јавност постоела дилема дали воопшто било неопходно да се прави реобдукција, бидејќи, како што дознаваме, за истата немало научно издржани причини, објави порталот.

Струмичкото обвинителство завчера издаде наредба за дополнителна тимска реобдукција на телото кое беше пронајдено пред една недела, на 7 овој месец, во местото Ореш, во атарот на струмичко Ново Село.

Резултатите од реобдукцијата се очекува да бидат доставени до Основното јавно обвинителство – Струмица во текот на денешниов ден или утре. Овој трагичен случај во струмичко предизвика голем интерес и реакции во јавноста.

На телото на 26-годишното момче, кое било пронајдено во местото Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, освен што имало видливи модринки, немало траги од нож, гребаници, убодни или прострелни рани, велат нашите извори.

Од Обвинителството во Струмица и денеска појаснуваат дека „повторната обдукција била наложена за да се расчистат сите дилеми околу причините за смртта на човекот“.

Како што веќе објавивме, освен повторна обдукција, струмичкото обвинителство, за да ги утврди фактите во случајот, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица поднело повеќе барања за издавање наредби за претреси во домови и други простории на лица со кои починатиот остварувал последни контакти.

Преку мобилните оператори се проверуваат податоците за остварената телефонска комуникација на починатиот Јован, а се вештачат и предметите пронајдени во близина на местото каде што било пронајдено телото.

МВР на 8 јуни информираше дека вечерта на 7 јуни во 19:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека било пронајдено починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а на телото имало видливи повреди.

– Според досегашните информации, првата обдукција не покажала знаци на насилна смрт, односно дека насилство не било причина за смртта, објави порталот.

За тоа дали мистеријата околу смртта на момчето ќе ја расветлат токсиколошките анализи, ќе се знае за неколку недели, бидејќи овие испитувања сѐ уште не се готови, заклучува novatv.mk.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Викторија Трајков: Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид...

Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид и околината,...

Пресудата е политички мотивирана, рече Јакимовски кој е осуден на три и пол години затвор

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е изненаден од пресудата со која е осуден на затворска казна од три и пол години. Обвини дека се...

Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор

Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за предметот против Стевчо Јакимовски, кого го прогласи за виновен заедно со уште едно обвинето лице. „Двајцата...

200 литри магарешко млеко за повредените во пожарот во Кочани.

  Киро Гоцевски од делчевското село Нов Истевник е еден од повеќето примери кои покажа дека хуманоста се покажува на дела. Тој донираше 200 литри...