1.7 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаГолем дел од дрогата и оружјето во Идризово биле кај осудените за...

Голем дел од дрогата и оружјето во Идризово биле кај осудените за “Диво насеље”: Директорот на затворот зачуден

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Никој нема да биде поштеден од одговорност, изјави вчера министерот за правда Никола Тупанчевски, а директорот на „Идризово“ многу го чуди изјавата на МВР во која се споменуваат „многу ножеви и други предмети“.

<

Дрога, оружје, мобилни телефони и голема сума пари пронајде полицијата кај осуденици во Казнено-поправниот дом „Идризово“. Поголем дел од пронајдените предмети ги поседувале затвореници од терористичката група осудена за случајот „Диво насеље“.
Според директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, претресот траел три часа.

– Не сакаме да ја компромитираме истрагата, но доколку се утврди нечија одговорност, ќе се бараат оставки – нагласи Спасовски.

Акцијата беше координирана меѓу четири државни институции, а беше спроведена на барање на Управата за извршување санкции.

– Никој нема да биде поштеден од одговорност – изјави вчера и министерот за правда Никола Тупанчевски, коментирајќи ја акцијата.

Реџеп Реџепи, директор на КПД „Идризово“, за „Слободен печат“ вели дека во завчерашната акција на полицијата се пронајдени кујнски ножеви и мала количина дрога кај некои затвореници.

– Претресот беше извршен во неколку ќелии од затворениот и полуотворениот оддел на затворот. По завршување на претресот од полицијата, бев известен дека кај некои затвореници биле најдени неколку кујнски ножеви. Многу ме зачуди изјавата од МВР каде што се споменуваат многу ножеви и други предмети. Како затворска управа чекаме официјално од МВР да бидеме известени за тоа што е пронајдено – вели Реџепи.

За евентуалната одговорност на затворските стражари, директорот Реџепи вели дека никој од затворската полиција нема да биде казнет.

МВР извести дека биле претресени затвореници од 25 ќелии, меѓу кои биле и осудениците на доживотен затвор во случајот „Диво Насеље“. Кај нив полицијата пронашла мобилни телефони и компјутери.

– При претресите, пронајдена е поголема сума пари од законски дозволените што осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-ина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножа и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, во течна состојба и таблетки и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела – соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Акцијата на МВР следува по само два дена откако во „Идризово“ била пријавена тепачка во која се користеле и ножеви.

Извор: Слободен печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се огласи директорот на Кумунално Битола: За храна за кучиња имаме потрошено 100.000 денари а не 60.000 евра !!!

Директорот на Комуналното препријатие Горан Степановски од Битола, ги отфрла сите шпекулации и лаги кои беа изнесени на денешната седница- тој на социјалните мрежи...

Автомобилот на Ице, еден од хероите во „Пулс“ ќе биде дел од Car Show – Битола

Ице Андонов, еден од вработените во ноќниот клуб „Пулс“, херојски успеа да спаси бројни животи влегувајќи во огнот неколку пати – но за жал,...

Пајазит Пајазити останува судија, казнет само 30% од плата

Пајазит Пајазити, останува судија во Кривичниот суд, и покрај одлуката да го пушти Блерим Рамадани од ефективен во домашен притвор, по што тој избега....

Не 20.000 евра мито, туку 100.000 евра барал директорот на Геријатрија !!!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од...