20.5 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаОва е тоалетот во амбулантите во Бутел. Лоши се условите и во...

Ова е тоалетот во амбулантите во Бутел. Лоши се условите и во лекарските ординации, собата за интервенции, ходниците- Пациентите и вработение загрозени од условите !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ова е тоалетот во амбулантите во Бутел. Лоши се условите и во лекарските ординации, собата за интервенции, ходниците… Наутро во истиот објект работи и народна кујна и се дели храна на социјално загрозени лица.

<

Медицинските тимови од примарното здравство наместо два месеци, речиси цела година прегледуваат и лекуваат пациенти во лоши просторни и санитарно хигиенски услови. Во една просторија во која нема вода се сместени и докторот и сестрите. Нема приватност за пациентите. Тие беа преселени лани летото за да на просторот до општината се изградат модуларни објекти.

– Мора некое решение да се најде, ние го прифативме ова работиме. Нема да се откажеме,ќе пружаме помош на пациентите. Пациентите доаѓаат, но се малтретираат, нас не прашуваат, но ние не можеме одговор да им дадеме, вели д-р Маја Алексова, специјалист по семејна медицина.

– Модуларната амбуланта во Бутел почна да се гради лани во август. Како што може да се види и позади мене веќе е готова, но се уште не е пуштена во употреба.

Вакви објекти паралелно се градеа и во Ѓорче Петров и Лисиче. И таму се уште не се ставени во функција. Во меѓувреме во Ѓорче три докторки со медицинските сестри цела година работат со пациенти во субстандардни услови. Сите се сместени во една просторија која повеќе личи на дуќан отколку на амбуланта.

Од Министерството за здравство кој е инвеститор на објектите без прецизен одговор кога ќе бидат отворени модуларните амбуланти и кога во нив ќе почнат да работат медицинските тимови кои беа преселени.

– Амбуланта Бутел, Амбуланта Ѓорче Петров и Амбуланта Лисиче, се реализирани. Во изминатиов период се вршат технички прегледи од страна на Надзорниот орган.

Во процедура е пуштањето во употреба, по што ќе се предадат на користење на Здравствен дом Скопје, велат од МЗ.

Инаку според планот на Министерството за здравство овие модуларни објекти требаше да бидат реализирани за 60 дена, но тој рок одамна помина.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...