12.9 C
Ohrid
среда, мај 21, 2025
ПочетнаМакедонијаTензично е вечерва во Софија- полицијата употреби сила, Петков е свесен дека...

Tензично е вечерва во Софија- полицијата употреби сила, Петков е свесен дека Владата ќе падне

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На протестот што денеска попладне и вечерва се одржа пред Народното собрание на Бугарија дојде до тензична атмосфера, јави бугарската Нова ТВ.

<

Тензиите настанаа меѓу присутните граѓани, по што полицијата мораше да интервенира и да употреби сила за да ја разбие толпата. И покрај тензичната атмосфера, немаше сериозни несреќи и повредени.

Демонстрантите претходно со силни извици и свирежи ги испратија пратениците од опозициската екстремистичка партија Преродба, во моментот кога тие го напуштија парламентот. Меѓутоа, јавува Нова ТВ, полицијата успеала да ја смири ситуацијата.

Протестот во Софија се организираше за поддршка на Никола Минчев кому денеска му беше изгласана недоверба на функцијата претседател на парламентот. За неговото разрешување опозициските ГЕРБ, ДПС и Преродба, како и партијата Има таков народ (ИТН), која реши да ја напушти владејачката коалиција.

Покрај пратениците од Преродба, свирежи од демонстрантите доби и координаторот на пратеничката група на ИТН, Тошко Јорданов, кој сакаше да разговара со нив.

За разлика од нив, поддршка добија премиерот Кирил Петков, разрешениот Минчев, вицепремиерот ицепремиерот Асен Василев, од претседателката на БСП и коалициска партнерка Корнелија Никова. Тие излегоа пред демонстрантите и одржаа говори порачувајќи дека и во оваа ситуација ќе победат и ќе ја поразат мафијата.

Петков е свесен дека Владата ќе падне

Премиерот на Бугарија и лидер на „Продолжуваме со промените, Кирил Петков, веќе прифати дека актуелната власт ќе падне и практично ја започна изборната кампања со говор пред насобраните демонстранти вечерва пред собраниската зграда кои протестираат против смената на претседателот на Собранието Никола Минчев.

„Сега ќе има гласање за недоверба. Тоа да не ве разочара. Ова е еден од чекорите низ кои ќе минеме. Успеавме да победиме на изборите, но овие луѓе ни приредија задкулусна игра и тие игри ќе продолжат. Ни, ние ќе ги пресечеме, рече тој, додавајќи дека кога „Продолжуваме со промената“ ќе ја преземе целосната контрола на државата, тогаш ќе почне да работи за добробитта на сите луѓе.

Претходно, 125 пратеници во бугарското Народно собрание го сменија претседателот на Собранието. Сега, ним им се брза да изберат нов претседател на Собранието, за да можат наредната недела на дневен ред да го постават прашањето за уривање на Владата на Петков, кое, ако опстанат на број денешните 125 пратеници, тогаш е сосема извесно. Тоа значи дека Бугарија во септември би одела на избори, а прашањето за Македонија се одложува на неодредено време.
BREAKING NEWS

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Продавале „молитви во тегли“ на блиски на загинатите во кочанскиот пожар

Од струмичката епархија на МПЦ-ОА информираа дека во полиција пријавиле случај на измама и злоупотреба на име на владика од Епархијата, а осомничена е...

Сопственици на ресторан од Прилеп, донираа машина за перење во прилепската болница

Сопствениците на еден од најдобрите ресторани во Прилеп, ресторанот BEER TI & JA, денеска донираа машина за перење и хигиенски средства, за потребите на...

Ѓорѓиевски со нов проект: Бесплатна полуматурска прослава за сите деветоодделенци во Кисела Вода

Кисела Вода воведува нов концепт за одбележување на полуматурата, кој за првпат во Македонија обезбедува бесплатна и заедничка прослава за сите ученици од деветто...

Беким Максути останува во притвор за кочанската трагедија.

Притворот на Беким Максути, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, еден од обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочан, е продолжен...