10.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаЗеленски преку видео обраќање од Охрид: Русија се обиде да направи oтскочна...

Зеленски преку видео обраќање од Охрид: Русија се обиде да направи oтскочна даска за напад врз други нации во Европа

spot_imgspot_img

Откако ќе заврши војната во Украина, Русија ќе се врати на старите патеки, борејќи се против демократиите на западот со лажни вести и пропаганда, нагласувајќи дека не треба да трчаме по членство во ЕУ и НАТО, порача претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, на панел дискусијата насловена како „Што по војната во Украина“. Тој рече дека новата безбедносна архитектура треба да се зајакне. Според него е невозможно Русија да ја видиме во демократските граници на Европа, без или со војната во Украина, уште повеќе поради војната во Украина.

„Незавршениот проект на европска интеграција, а ние сме 17 години кандидат за членство и со децении трчаме за таа цел, има последици за Западен Балкан и земјите кои сакаат да станат кандидати за членство. Можам да видам директна поврзаност на незавршениот проект на ЕУ и безбедносната архитектура на стара Европа. Како е тоа можно? Како прво, Русија со години ги поткопува нашите општества. Ако зборувам за Северна Македонија, зборувам за хибридни закани, лажни вести, особено во однос на прашањето за името. Откако ќе заврши војната во Украина, Русија ќе се врати на старите методи, борејќи се против демократиите на западот со лажни вести и пропаганда, нагласувајќи дека не треба да трчаме по членство во ЕУ и НАТО“, рече Пендаровски.

Пендаровски потсети дека Северна Македонија е само една од земјите, кои протерале руски дипломати.

„Јас најмногу се грижам, Европа да не продолжи со вообичаените методи на работа и покрај војната во Украина. Дали војната во Украина е помош за процесот на интеграција, дали го поттикнува и олеснува членството на новите кандидати, не. Не може да се каже дека било која војна во светот е позитивна за било која земја“, додаде Пендаровски.

Во видео обраќање се обрати и претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Тој рече дека европското обединување со источното партнерство и Западен Балкан може да се справи со руската агресија.

„Сега е историски момент за Европа и европската безбедност, кога сите треба да одлучат, што е Европа и каква ќе биде Европа во иднина. Дали ќе биде слободна како што е сега? Дали ќе биде безбедна како што се навикнати повеќето Европејци? Дали ќе биде социјално и економски развиена, и што ќе ги инспирира општествата надвор од нејзиниот континент? Русија сите нас не предизвика, секоја нација на континентот, секој регион во Европа. За Украина ова е најстрашниот воен предизвик и ние се браниме себеси веќе 113-ти ден против руските амбиции да го уништат украинскиот народ и култура“, рече Зеленски.
Почнувајќи ја оваа војна против Украина, Русија се обиде да направи oтскочна даска за напад врз други нации во Европа. Затоа нашата одбрана во оваа војна е од фундаментално значење за безбедноста на секого во Европа.

„Сите ние во демократскиот свет се соочивме со енергетска криза без преседан. Многу години Русија креира впечаток дека е наводно сигурен извор на енергетски извори, но во реалноста направи различни европски земји да зависат од неа. Уште полошо сценарио е на пазарот на храна, при што не само што се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, туку и нова мигрантска криза. Ќе споменам уште еден елемент од руската анти европска политика. Русија е можеби најголемиот инвеститор во пропаганда. Токму затоа сериозна дискусија за безбедносната архитектура во Европа мора да биде базирана на потребата да се ослободи Европа од зависноста што Руската држава ја прави со децении. Затоа се потребни санкции за антиевропската политика на Русија. Ова треба да се земе предвид при подготвувањето на седмиот пакет санкции на ЕУ.“, порача Зеленски.

И, претседателот на Хрватска Зоран Милованович, посочи дека руското влијание е присутно во повеќе држави.
За повеќе детали ТУКА Глас на Америка

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...

„Народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа“, рече...

„Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни,...

Уапсен скопјанец кој со ловечка пушка им се заканувал на жители на Богомила

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, уапсија 36 годишен скопјанец кој со ловечка пушка им се закнувал на жители од село Богомила. На 03.05.2024 во...