-1.1 C
Ohrid
вторник, јануари 14, 2025
ПочетнаМакедонијаНајсовремените борбени авиони Ф-35 слетаа во Скопје

Најсовремените борбени авиони Ф-35 слетаа во Скопје

spot_img

Два борбени авиони од типот Ф-35 на Националната гарда на Вермонт, денеска извршија прелет и слетаа на аеродромот во Петровец, како приказ на силното сојузништво и единство во Алијансата, како и на речиси тридецениското партнерство меѓу Армијата на Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт и подготвеноста на Алијансата да ја заштити безбедноста на своите земји членки. На настанот присуствуваа и заменик амбасадорот на САД, Ерик Маер и потполковникот Џон Мекреј од Националната гарда на Вермонт.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во изјава за медиумите порача дека слетувањето на авионите Ф-35 на македонска територија е непобитен доказ дека Северна Македонија е дел од нешто што е поголемо од сите нас и дека зад нашата безбедност и безбедноста на Алијансата стојат сите сојузници со своите капацитети и способности.
„Северна Македонија е дел од мисијата на НАТО за патролирање на воздушниот простор повеќе од една година. Овој елемент на интеграција во НАТО на националниот воздушен простор за нас е една од најважните активности на војската во мирновременски услови. Важно е да се истакне дека аеродромите во Северна Македонија можат да обезбедат поддршка за авионот Ф-35 во извршување на различни мисии во воздушниот простор на НАТО“, рече министерката.

Петровска се осврна и на стратешкото партнерство со САД, како и на партнерството помеѓу Армијата на Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, кое трае речиси три децении.

„Овие напредни борбени воздухоплови се дел од 134-та борбена ескадрила на Националната гарда на Вермонт. Партнерството меѓу Северна Македонија и Вермонт отсекогаш било пример за соработка, пријателство и взаемна поддршка“, потенцираше Петровска.

Полковникот Џон Мекреј од Националната гарда на Вермонт порача дека ниту една земја самостојно ги нема ресурсите за да се справи со сите безбедносни предизвици и дека токму партнерствата ни ја даваат колективната сила и мудрост за да ги идентификуваме и со заеднички сили да ги надминеме заканите по нашата безбедност.

„Токму поради членството на Северна Македонија во НАТО како сојузник можеме да ја споделиме безбедноста која произлегува од мисиите за патролирање на воздушниот простор и брзо распоредување на напредни способности на платформата Ф-35, како што докажавме денес“, рече Мекреј.

Мекреј, укажувајќи на тридецениската врска помеѓу Вермонт и Северна Македонија, истакна дека и Северна Македонија дава свој придонес кон одржувањето на подготвеноста на силите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...

Охридски газда изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер.

Охридската компанија Тамаро, водечкиот локален ланец маркети, изненади тројца од своите вработени кои имаат најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер. Билјана Стевановиќ...