20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаЗејтин од Русија без декларација на македонски јазик се појави низ македонските...

Зејтин од Русија без декларација на македонски јазик се појави низ македонските маркети-Инспекцијата на терен !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По информацијата дека руски производи се продваат со непреведена декларација во продавниците се разбуди Државниот пазарен инспекторат. Иако од Царината потврдуваат дека стоката увезена од Русија е во согласност со правилата, на некои пакувања се забележани неправилности со непреведување на етикетите. Ден по објавувањето на строијата на Алсат, од Пазарниот инспекторат велат дека извршиле контроли во Куманово, за преземање мерки за увезените производи кои се појавуваат со декларација само на странски јазици. Сончогледовото масло за готвење е само на руски.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека ваквите неправилности се чести. Во Секторот за заштита на потрошувачите годинава се поднесени 194 претставки од граѓани.

<

Во првите 5 месеци од годинава извршени се над 19.500 контроли. За неправилности, меѓу кои и за несоодветно означување на производите изречени се вкупно 1.665 мерки. Спроведени се 727 обуки на оператори со храна и сe поднесени 42 пријави за полесни прекршоци. Поднесена е и кривична пријава. 56.971 килограми храна од животинско и неживотинско потекло се отстранети како небезбедни“, наведуваат од Агенција за храна и ветеринарство.

Согласно Законот за безбедност на храната, Законот за заштита на потрошувачите, етикетирањето е задолжително за секој производ. Врз основа на проверките на надлежните органи кои рекоа дека лани достигнале речиси бројка од 50 илјади, констатирани се само 69 неправилности во однос на несоодветно и нецелосно пријавување на производите и измама на потрошувачите.
Извор Алсат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...