15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаОдби милионска понуда од Холивуд поради македонскиот јазик, а не можеше ни...

Одби милионска понуда од Холивуд поради македонскиот јазик, а не можеше ни да каже дека е режисер – Горан Столевски зборува за неговиот успех

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Веројатно не сте слушнале за Горан Столевски, пишува „Сиднеј морнинг хералд“ за режисерот родум од Македонија кој одрасна во Мелбурн, откако тој стекна признание со неговиот прв филм „Нема да си сама“. Филмот е снимен во Србија, откако Столевски одби понуда од три милиони долари од холивудски дистрибутер поради инсистирањето филмот да биде на македонски јазик.

<

Откако ја освои наградата за надобар краток филм на фестивалот „Санденс“ во 2018 година, „Холивудс фокус фичрс“ сакаше да го поддржи „Нема да си сама“, пред да увиди оти Столевски планира да го сними филмот на дијалектот на неговите предци- Пишува Нова Македонија.
Тие ми понудија дополнителни три милиони долари да го снимам филмот на англиски, но ја одбив, на тој начин откажувајќи се од голем дел од приходот што требаше да го реинвестирам во филмот. Но тоа беше во многу среќна ситуација во која продуцентите ми дозволија да кажам не, бидејќи тие исто така требаше да го вложат нивниот приход – објаснува Столевски, кој додава оти биле потребни 35 години на многу комплициран живот за да го сними филмот, па затоа не бил подготвен на компромис.

Тој дополнително ја образложи неговата смела одлука.

Всушност е навредливо за мене кога филмовите се сместени во Источна Европа, а сите зборуваат на англиски. Читањето на превод навистина не е комплицирано – категоричен е Столевски.

Натприродниот хорор-филм во кој девојка станува вештерка во македонско село во 19-от век наиде на добри критики кога беше пуштен во ограничен опсег во кино-салите во САД, по премиерата на филмскиот фестивал „Санденс“. Критичарите го опишаа како „волшебен“, „хипнотизирачки“ и „чудесно оригинален“, а доби топол прием и на филмскиот фестивал во Сиднеј што завршува утре.

Вториот филм на Столевски „Of an Age“ беше избран да го отвори Меѓународниот филмски фестивал во Мелбурн во август, а режисерот со македонско потекло сега го снима неговото трето остварување „Housekeeping For Beginners“ во Скопје. Згора е во преговори за следните два филма што сака да ги сними, од 13-те сценарија што тој ги напиша.

– Бев подготвен да постигнам успех прекуноќ за 20 години. Последните три години немаат смисла, земајќи предвид што се случуваше во претходните 17 години. Бев невработен долго време како режисер што се мачеше. Немаше воопшто да се наречам филмаџија, бев само невработен – вели 36-годишниот Столевски, јавувајќи се преку апликацијата Зум во разговор за австралискиот весник.

Столевски почнал да гледа видеа во школската библиотека во Мелбурн, каде што се досели со неговото семејство од Македонија кога имал девет години. А веќе до 12-та година гледал 300 до 400 филмови годишно. Откако решил да стане режисер на 11-годишна возраст, тој снимил 12 кратки филмови на 10 различни јазици, додека пишувал и сценарија.
Извор: Нова Македонија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...