8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаПротеј Талески: За сите вие што фрливте срам врз мојата смиреност и...

Протеј Талески: За сите вие што фрливте срам врз мојата смиреност и врз браќата од Бигорскиот Манастир.

spot_imgspot_img

02/15 јуни 2022
Протоереј Миле Талески

До сите возљубени браќа и сестри,
кои, и јавно, но и тајно во приватни пораки фрлија срам врз мојата смиреност, укор, и тврдења: дека јас сум тој што сум провоцирал немир, омраза, разногласие и невистини за браќата од Бигорски манастир.

Дозволете ми да се послужам, и да ги присвојам како да се еднакво мои, зборовите на еден од трите столбови на Црквата, светиот Григориј Богослов: „Да не помислат некои дека јас тврдам дека секој мир треба да се негува. Јас знам дека има преубаво разногласие и најпогубително единомислие; но треба да се сака добар мир, кој ја има и добрата цел и кој соединува со Бога. Кога ќе стане збор за очигледно безчестие, тогаш треба што поскоро да се оди со оган и меч, не гледајќи на потребите на времето, владетели и воопшто на било што друго, туку да се одбегнува зближување со лукав квасец и соединување со болен. Најстрашно е повеќе да се плашиме од нешто а помалку од Бога и заради тоа од служител на Вистината да се стане предавник на верата и Вистината“.

Тешко било да се гледа и да се слуша: дека градовите на Татковината биле уништувани, дека илјадници луѓе се убиени, дека земјата е обременета од паднатите воини, борци и поборници за верата и Татковината, чијашто родна земја ја газеле туѓинци како своја! Тоа нас, Македонците не’ постигна не од малодушноста на бранителите, туку, од поривот на предавниците и одродените – слугите на туѓите интереси. Сите несреќи и наднесреќи над нас Македонците се последица, но сето ова е малку во споредба со прогонетиот мир меѓу верните, грабнатиот мир на Црквата и пониженото достоинство на древноста. Ете, пак не мируваат од Бигорскиот манастир, и пак провоцираат со нивното соопштение од 13 јуни 2022, во коешто, спротивно на Уставот на МПЦ-ОА, и спротивно на било какво јавно откажување од својата титула, претпоставувам заради додворување и угодување на Патријархот на Фанар, наместо, согласно со уставот, да го нарекуваат нашиот Поглавар: Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинија Прима, тие, го нарекуваат: „Архиепископ Охридски“. Дискутабилна е и провокацијата за нарекување на нашата Црква само како Охридска Архиепископија, нешто што е противно на Уставот, и во којшто јасно е запишано Нејзиното име, коешто, да ги потсетам гласи: Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, барем се’ додека јавно не сме се откажале од него.

Браќа бигорци,

Можеби вие однапред знаете нешто што ние не знаеме, или, веќе сте се покориле на желбите на Фанар, и можеби имате извесен број на поддржатели, но тоа, мислам, не е случај кај огромното мнозинство на Македонскиот народ и Македонското православно свештенство, кај кои, ваквите соопштенија предизвикуваат немир. Јас не можам да го разберам вашиот порив и мотивите поради што го правите ова. Но, јасно ми е дека нашиот народ, особено по доаѓањето на власт на сегашната гарнитура однародени, којашто, секој родољуб во Македонија го прогласија за терорист, ги затвораат, неправедно ги предаваат луѓето пред судовите и многу други страшни нешта, молчи од страв, но не се согласува со однародување и омаловажување на својата Црква. Затоа престанете и вие со таквите омаловажувања, зашто ние, почитувачите на мирот, не смееме така немилостиво да непријателствуваме против самите себеси.

Се обраќам и до сето свештенство на МПЦ-ОА и прашувам:

Зошто ние, служителите на Евангелието, на Зборот Божји, на Љубовта Божја, на Мирот Божји, се доведовме до крајно молчание, неразумност, скаменетост, или… не знам како уште да го наречам?! Знаеме дека, и во храната, и во пиењето, и во сонот, дури и во срамните работи има мерка на ситост – но, во нас, немаат крај взаемните порази од еден на друг, не само помеѓу оние кои различно мислат, но и помеѓу едномислените, како и тие да постанаа противници едни на други, а ова поеднакво се однесува не само на нас служителите Божји, туку и на сиот наш народ. Ова е пожално од се’ друго. И, која е причината за ова? Властољубието? – да се биде или да се остане на пригодна, висока и почесна позиција. Или, користољубието можеби? – за повеќе плата, за поголеми материјални придобивки. Или, зависта едни кон други? – а можеби уште пострашната омраза едни спрема другите, можеби презирот едни кон други. Друго или трето нема! А можеби има и некоја друга страст (желба) којшто не може да се види ниту кај безбожниците?!

Мислам дека секому од нас треба да му се топи душата од тага, бидејќи, ние денес сме сведоци на пропаста на нашиот благочестив и благоверен народ којшто, не е убиван од меч, ниту, барем засега, не е погубуван од глад, и чии водачи се ранети од честољубие, од среброљубие, од властољубие; и чиешто паѓање не предизвикува сожалување, колку што предизвикува презир кон нив; и кои во своето паѓање ја повлекоа и Татковината, обезличена, омаловажена, лишена од секакво достоинство. Има ли потреба уште да зборувам? Некој од политичарите таму кога ќе напише нешто вели: јас да ви кажам, а вие си знаете. Јас, пак, би завршил вака: Ако ги примите моите зборови, и за мене, и за вас ќе биде подобро, ако ли пак, не ги примите, и ги отфрлите, и притоа ми се исмеете, знајте дека мојот долг доволно е исполнет и пред Бог, и пред вас луѓето!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...