11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонија300 ЕВРА МЕСЕЧНО ЗА МОБИЛЕН ВО КПД ИДРИЗОВО?!!

300 ЕВРА МЕСЕЧНО ЗА МОБИЛЕН ВО КПД ИДРИЗОВО?!!

spot_imgspot_img

Комитетот за превенција од тортура утврди дека во КПД Идризово секој аспект на затворањето е за продажба, од добивањето место во пристојна ќелија, преку домашното отсуство, до лековите, мобилните телефони и до дрогата, вели проф. д-р Александра Груевска-Дракулевски.
Мобилните телефони се извор на корупција во затворите, тврдат експертите со коишто стапивме во контакт. Нивните мислења за прашањето дали треба да се либерализира затворската регулатива за користењето на разните форми на комуникација со надворешниот свет се разликуваат, но експертите се согласни во констатацијата дека отсуството на легални начини на комуникации создаваат услови за голема заработка на тие што го кршат законот.

Казнено-поправните и воспитно-поправните установи се должни да обезбедат непречено остварување на ова право на осудените лица, контактирање со надворешниот свет преку телефонирање.

Што виде Комисијата за превенција од тортура во КПД „Идризово“?
За жал, во установите во нашата држава телефонските говорници со години се нефункционални, тврди проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, редовен професор на катедрата за криминологија и пенологија на Правниот факултет во Скопје. Таа вели дека токму тоа е и причината за нелегално внесување и користење мобилни телефони во нашите казнено-поправни установи.

– Овој проблем со години се нотира и во извештаите на Комитетот за превенција од тортура и се истакнува како една од главните причини за корупција во македонските пенитенцијарни установи. Во извештајот на КПТ од 12.10.2017 година, за посета остварена во декември 2016 година, посебно се акцентира проблемот на корупција во КПД Идризово. Како што стои во извештајот, цитирам: „Комитетот за превенција од тортура утврди дека во КПД Идризово секој аспект на затворањето е за продажба, од добивањето место во пристојна ќелија, преку домашното отсуство, до лековите, мобилните телефони и до дрогата. Понатаму во извештајот се вели, цитирам: „Мобилните телефони беа присутни низ целиот затвор, а паметните телефони чинеа околу 300 евра плус мала дневна исплата на затворските службеници за да не ги пријават“. „Мобилните телефони јавно се користат.“ „Фактот дека јавните говорници не функционираат му погодуваат на бизнисот со мобилни телефони да цвета“. Истите забелешки се нотираат и во последниот извештај на КПТ од 29 јули 2021 година за посета остварена во периодот од 7 до 9 декември 2020 година, како и во претходниот извештај од 11 мај 2021, за посета остварена во периодот од 2 до 10 декември 2019 година – вели професорката.

Таа потенцира дека од безбедносни причини никаде во светот не е легализирана употребата на мобилни телефони во затворите, ниту, пак, некаде на затворениците им е дозволен слободен пристап до интернет. Груевска Дракулевски е сигурна дека проблемот во нашите затвори може да се реши веднаш, со поставување телефонски говорници.

– Како позитивен пример би го истакнала Затвор Битола, која е единствената установа во која функционира телефонска говорница. Во фокусот на сузбивање на корупцијата треба да биде професионализација на затворскиот персонал, строги контроли при влез и излез од установите, дисциплински мерки за затворениците кај кои ќе бидат пронајдени мобилни телефони, ефикасни истраги за затворскиот персонал и дисциплински мерки и кривични постапки. Потоа, неопходни се блокатори што ќе ја оневозможуваат комуникацијата преку мобилни телефони, како и други современи начини за откривање и лоцирање на шверцувани 2Г, 3Г, 4Г и вај-фај мобилни уреди – тврди професорката.

Таа вели дека поседувањето и користењето на мобилни телефони во казнено-поправните установи може да му погодува на организираниот криминал. Може да се злоупотребува за контрола на злосторнички здруженија, банди, заради упатување закани на сведоци, жртви и оштетени, за планирање бегства или организирање други сериозни кривични дела. Затворениците, исто така, може да користат паметни телефони за да соберат разузнавачки информации за затворскиот персонал, за лицата кои го спроведуваат законот и да им упатуваат закани на нив или на членови на нивните семејства.

Затворската корупција „цвета“ и во поразвиените земји…..
За повеќе детали ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...