27.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Очекувам третатата парада на гордоста во Скопје да се одржи во...

Пендаровски: Очекувам третатата парада на гордоста во Скопје да се одржи во мирна атмосфера, тоа е одлика на зрело општество.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот Стево Пендаровски посети волонтери и организатори на парадата на гордоста „Скопје прајд 2022“, со кои имаше можност директно да поразговара за начинот на организирањето на парадата, од логистика и прием на гости, до дадената институционална поддршка, безбедносните и промотивните прашања, соопшти Кабинетот на шефот на државата.
По повод одржувањето на „Скопје прајд 2022“, претседателот Пендаровски порача дека „прифаќањето на различностите и ослободеност од предрасуди се показател на зрело, демократско и отворено општество, кое е подготвено да направи простор за секој од неговите членови.

<

– Имаме заедничка одговорност да овозможиме уживање на основните права и себереализација на секој, без страв од отфрленост, особено кога станува збор за ранливите заедници. „Скопје прајд 2022“ е парада на различност, прифаќање и дружба на ЛГБТИК+ заедницата, но и можност за сите кои ја разбираат и прифаќаат различноста по основ на сексуална ориентација и родов идентитет да ја искажат својата поддршка, додава претседателот на Републиката.

Тој изразува очекување третата парада на гордоста во Скопје да се одржи во мирна атмосфера, без инциденти, во атмосфера на толеранција и прифаќање.

– Да покажеме солидарност со нашите сограѓани затоа што достоинството, еднаквоста и правдата се за сите граѓани, порача претседателот Пендаровски.

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија денеска ја организира Парадата на гордоста во Скопје, под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...