15.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаНиколоски тврди дека Османи работи во интерес на Албанија, а не за...

Николоски тврди дека Османи работи во интерес на Албанија, а не за Македонија

Вчера кажав дека Бујар Османи работи Албанија да почне преговори со ЕУ, а за Македонија што биде, биде. Тоа го боли, ама вистина е“, возврати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ АлександарНиколоски на обвинувањата од шефот на дипломатијата Бујар Османи дека толку е алчен за власт, што не си ја сака ни сопствената држава.

-Исто како што пред 4 години кажав дека тој работи Македонија да влезе во иста група со Албанија, која беше многу позади нас. Рекоа дека тоа што го кажувам е „научна фантастика“. По неколку месеци таа „научна фантастика“ се реализираше и Македонија не доби датум за преговори, ама затоа влезе во иста група со Албанија.Исто така уште тогаш во 2018 кажав дека Македонија со СДСМ и ДУИ нема да почне преговори. Еве ја 2022, Македонија не почнува преговори.Вистината боли ама мора да се кажува. Одговорност и оставки веднаш затоа што ја пониживте Македонија и ја оставивте на дното на Европа и Балканот, порачува Николоски

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...