8.9 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Да живее европска Преспа, очекувам што поскоро да се отвори граничниот...

Заев: Да живее европска Преспа, очекувам што поскоро да се отвори граничниот премин Маркова Нога

spot_img

Очекувам дека во најбрз можен рок ќе се завршат неопходните инфрастурктурни интервенции и дека многу скоро ќе се најдеме таму на официјалното отворање на преминот што ги поврзува двете страни на Преспа, порача Заев
Поранешниот премиер, Зоран Заев, преку својот профил на Фејсбук се обрати до учесниците на денешниот собир на Маркова Нога во Преспа, на македонско-грчката граница.

<

Заев порача дека очекува што поскоро отворање на граничниот премин на Маркова Нога, што е една од обврските од Договорот од Преспа.

„Драг Stratos Vasilopoulos, драги пријатели од Грција, упатувам огромна благодарност за вашата иницијатива и за поканата да се сретнеме на преминот Маркова Нога и во исто време се извинувам што поради неодложни обврски не успеав да бидам со вас денеска. Оваа порака ја упатувам и во име на моите пријатели од струмичкиот мото-клуб. Како поддржувач на политиките на отвореност, добрососедство и поврзување, го споделувам вашето очекување што поскоро да се отвори граничниот премин Маркова Нога што нашите две пријателски држави го презедоа како обврска од Договорот од Преспа“,

напиша Заев.
Отварањето на граничниот премин Маркова Нога, додава тој, е наша обврска кон сегашноста и иднината – ова е вистинското и крајно време да ја срушиме неприродната блокада на природниот тек на брегот на Преспанското езеро.
Очекувам дека во најбрз можен рок ќе се завршат неопходните инфрастурктурни интервенции и дека многу скоро ќе се најдеме таму на официјалното отворање на преминот што ги поврзува двете страни на Преспа, посочи Заев.

„ Верувам дека вашето денешно дружење, како и она од минатиот викенд за време на манифестацијата Запознај ја Преспа ја прави Преспа плодна почва за раст и развој на нашиот европски Балкан, мегдан за спојување на различните и блиските култури и пркос кон оние кои во 21 век се уште се водени од омразата наместо од мирољубието. Во име на европската иднина на Преспа наздравувам со вас преку мојот пријател Васко и невладината организација Преспа ГРАД. Верувам дека многу скоро ќе имаме можност да се возиме заедно по падините на преубавата Баба Планина и брегот на Преспа и како македонски и грчки авто-мото спортисти, да посетиме и да се поврземе со албански пријатели на третата страна од Преспа. На здравје, да живее европска Преспа“,

напиша поранешниот премиер.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се уште не се знае колку дена била почината жената од Кавадарци и дали станува збор за убиство

Кавадарчани утрово ги вознемири веста дека во својот стан, каде живеела сама, е пронајдена почината 52-годишната Сузана С.С., а на нејзиното тело имало повреди. Телото...

Наставник од Џепчиште натепал ученик.

Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар. Според...

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во продолжение целосната објава на Апасиев: … „и...

Стерјовски за МЦН: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, за албанската МЦН, зборува за бројноста на македонската заедница и каде главно е сконцентрирана. Според него,...