-1.1 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонската пилотка Ива Матиќ го освои кормилото на Ербас-320

Македонската пилотка Ива Матиќ го освои кормилото на Ербас-320

spot_img

Кога ќе ви протатни над глава огромниот Ербас -320 погледнете нагоре и поздравете ја нашата Ива Матиќ од Скопје. Можеби токму таа е на пилотското место. Или поточно на копилотското место како нова пилотка која неодамна ја доби лиценцата за цивилен пилот на комерцијални летови- пишува НОВА ТВ

Ива првпат ја видов зад пилотските команди на огромниот воен и транспортен хеликоптер Ми-17. Слегуваше од кабината на ова транспортно чудовиште, грациозно симнувајќи ја заштитната кацига со самодоверба газејќи по скалилата кои го поврзуваат хеликоптерот со земјата.

Тоа беше последен пат што ја видов електро-инженерката Ива како се симнува по скалила надоле.

Нејзиното следно одење по скалила беше нагоре, прво кон тренинг – симулаторот на моќниот Ербас-320, а потоа и кон вистинскиот кокпит. Првиот лет и беше во авион без патници.

„Немојте да се чудите што на фотографијата што ја гледате сум без пилотска униформа. Тоа е затоа што првиот тест-лет ми беше на празен авион. Сега го чекам распоредот за управување на авион со патници“, рече Ива Матиќ при нашата средба.

Пилотирала претходно на авион „Злин -242“ и на армискиот хеликоптер Bell 206B Jet Ranger, пред да го освои огромниот Ми-17. Не ни сонувала дека еден ден ќе биде тоа што е денес.

„Како мала не размислував конкретно за некоја професија. Имав убаво детство, без грижи, уживав во тие детски денови. Но бев темпераментно дете, ги сакав летовите кога патував со моите родители, често и трчав меѓу седиштата во авионот, што од сегашна гледна точка ми изгледа смешно и не толку возбудливо за другите патници во авионот“, вели пилотката.

Денес, кога Ива Матиќ влегува како пилот во воздухопловот, се присетува на нејзините детски лудории кои подоцна во нејзината рана младост прераснале во одушевување од неговите перформанси. Возбудата од леталото ја држела сѐ до моментот кога за првпат зачекорила во пилотската кабина и ги фатила управувачките команди на леталото.

„Чувството кога како иден пилот прв пат влегов во пилотската кабина од хеликоптерот секако не беше исто како и на човек кој не е пилот. Кога не бев пилот се одушевував на таа софистицирана машина која нѐ вивнува меѓу облаците. Но како пилот првото влегување беше со чувство на љубопитност и беше средба со сѐ она што дотогаш го имав учено само теоретски, и предизвик сето тоа успешно да се совлада“, ни рече таа.

Веќе сфаќате дека да се вивнеш во небото, да седиш зад управувачките команди на огромно летало кое зависи од тебе, исто како и 200 и кусур патници, значи дека си бестрашна личност. Па дури и кога не оди сѐ според планираното. Оти горе на небото не е исто како долу на земјата. Ива тоа добро го знае, но вели дека не се плаши.
За повеќе детали,Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...