19.2 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаСветЏонсон: Ако Путин беше жена, немаше да ја нападне Украина

Џонсон: Ако Путин беше жена, немаше да ја нападне Украина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Рускиот претседател Владимир Путин немаше да ја нападне Украина, доколку беше жена, смета британскиот премиер Борис Џонсон.

<

Според него, лудата, мачо инвазија на Украина, е совршен пример за токсичната машкост, па премиерот повика на повеќе жени на моќни позиции.

Џонсон се осврна на ова по Самитот на Г7, во интервју за германската телевизија ЗДФ.

„Да е Путин жена, што очигледно не е, но, да беше, навистина мислам дека не би се впуштил во луда, мачо војна за инвазија на Украина и насилство на начин на каков што тој го направи тоа. Доколку сакате совршен пример за токсична машкост, тоа е тоа што тој го прави во Украина“, подвлече Џонсон.

Тој истакна дека, иако лидерите на Г7 очајнички сакаат да заврши војната во Украина, моментално не постои договор за тоа.

Западот мора да ја поддржи украинската воена стратегија, истакна премиерот, со цел претседателот Володимир Зеленски да се доведе до најдобра можна позиција во преговорите со Русија, кога ќе дојде до тоа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...

Фото: Се запали јахта кај каналот Студенчишта во Охрид – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија !!!!

Се запали глисер кај каналот Студенчишта – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија Пред десетина минути во близина на каналот Студенчишта во Охрид избувна пожар...

Трагедија во Италија: Девет годишно девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди...