16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаТупурковски: Јас мислам треба да се прифати промената на името и да...

Тупурковски: Јас мислам треба да се прифати промената на името и да се оди напред.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Васил Тупурковски, пензиониран универзитетски професор по меѓународно право, вицепремиер во Владата на Љупчо Георгиевски од 1998 до 2000 година како лидер на тогашната партија Демократска алтернатива и член на Претседателството на некогашна СФР Југославија, со категорична поддршка за промената на името на македонската држава!

<

„Ние тоа го решивме. Променет е Уставот, влеговме во НАТО и човек треба да ги согледа сите димензии на тоа и дали е воопшто можно тоа да се врати. За разлика од Македонците, од македонските државјани, граѓани, кои никако не се помируваат со промената, јас мислам дека треба да се прифати промената и да се оди понатаму. Тоа да се оди понатаму значи членство во Европската унија. Додека сум жив ќе останам приврзаник на тоа име (Македонија – н.з.), зошто тоа е дел од македонската историја и така ние најлесно можеме да се идентификуваме. Тешко е да се идентификуваме со Северна Македонија поради целата бура околу тоа“, изјави популарниот Циле во емисијата „Аритмија“ на црногорската Градска РТВ.

Според него, „граѓаните на Македонија се чувствуваат предадени што го променивме името. Тие би прифатиле малтретирање, чекање, проблемите што сега ги имаме со Европската унија, кои ќе се одразат врз прифатливоста на ЕУ во Македонија“.

„Но, ако се знаеше предлогот во 1992 година, да има некоја географска одредница, многу брзо ќе се случеше придружно членство во ЕУ, а потоа и членство, како што стоеше на хартија. По 7-8 години Словенија влезе во ЕУ, а ние ќе бевме во тој пакет. Ќе добиевме и гаранција за територијалниот интегритет на петте членки на Советот за безбедност на Обединетите нации. Тогаш ќе добиевме и 3 милијарди долари за развој на Македонија“, додаде Тупурковски, мислејќи на предлогот од поранешниот министер за надворешни работи на Австрија, Алојз Мок, кој тој му го пренесе на тогашното македонско државно раководство.

Делот од изјавата на Тупурковски за прифаќање на новото име е околу 35:35 минути од почетокот на видеото кое е прикачено на јутјуб.
Експрес.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...