21.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаПосле 10 години лажење, конечно саниран градскиот базен Атина Бојаџи во Охрид.

После 10 години лажење, конечно саниран градскиот базен Атина Бојаџи во Охрид.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Заврши реконструкцијата на градскиот базен “Атина Бојаџи”, за кој се чекаше 10 години за санација. Санирани и исфарбани се коритата на олимпискиот и детскиот базен. Уредени се и трибините кои беа во распаѓање.

<

За кратко време се планира отворање на базенот и отпочнување со работа.
Најважно е што ќе стартуваат со работа пливачките школи за млади.

Ова се прави првенствено за пливачките школи да може да тренираат бидејќи пливањето е еден од најдобрите спотови за развој на нашите деца.Охрид порано бил расадник на млади и успешни пливачи, а нашата цел е тоа да се возобнови.
За прв пат после 20 години Охрид ќе биде домаќин на Државно првенство во пливање, на кое покровител е општина Охрид.
Од 15 до 18 јули ќе се организира првенство со што ќе настапат најдобрите пливачи од Македонија, за сите генерации. На тоа првенство ќе можат да остваруваат резултатите кои во иднина ќе може да ги користат за добивање на стипендии и тајминзи за настапи на европски и светски првенства.

Во јули отворениот базен „Атина Бојаџи“ ќе биде домаќин и на Мегународен митинг на кој ќе настапат пливачи од Србија, Бугарија и Македонија, во организација на Пливачкиот клуб „Аква спирит“.

Реконструкцијата на базенот е инвестиција на Општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“, следната година ќе има дополнителни инвесиции во уредувањето на просторот околу базенот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...