7.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаМакедонијаПаѓа цената на маслото за јадење од 160 денари на 110.

Паѓа цената на маслото за јадење од 160 денари на 110.

spot_img

Се намалува цената на маслото за јадење. Откако достигна до 160 денари, деновиве еден литар може да се набави и за 110 денари. Тоа се должи на падот на светските берзи, објаснуваат од велешката фабрика за масло, единствен производител на масло од сончоглед во земјава. Оваа индустриска култура ја имало во изобилие на пазарите во соседството.

„Со новата реколта на родот од сончоглед, цената на маслото за јадење паѓа на светските берзи континуирано. За шест месеци падна за 25 отсто. Има големо количество сончоглед од Србија, Бугарија и Украина. Има доста и сурово масло за јадење. Годинава понудата е поголема од побарувачката и разбирливо е што цената паѓа“, кажа Горан Лазов, директорот на велешка „Маслодајна“.

Годинава и во Македонија имало род од 10.000 тони, што е најмногу во последните десетина години. Истиот заврши во силосите на „Маслодајна“.

Овој тренд на намалување на цената на маслото, според производителите, ќе потрае до пролетните месеци, до кога не се очекуваат повисоки цениhttps://sdk.mk/

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...