18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаУспешно заврши „Охрид Опен 2022”, таеквондо ИТФ меѓународен натпревар по највисоки стандарди

Успешно заврши „Охрид Опен 2022”, таеквондо ИТФ меѓународен натпревар по највисоки стандарди

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец успешно го организираше Меѓународниот ИТФ турнир „Охрид Опен 2022”, на кој учество зедоа над 210 натпреварувачи од 31 клуб од Словенија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија,Албанија , Грција и Македонија.

<

Во Охрид беа најдобрите натпреварувачи од сите клубови, а се натпреваруваа во две дисциплини форми и борби.
Охридскиот клуб настапи со 44 натпреварувачи, за дел од нив беше прв натпревар, а за некои и прв медал. Освоија 51 медал од кои 8 златни, 15 сребрени и 28 бронзени , со што „ХВА РАНГ ИТФ“ беше најтрофеен клуб на натпреварот.

Благодарност до нашиот генерален спонзор „ПН Метал”, исто така до општина Охрид, а за да биде комплетно на највисоко ниво нашиот турнир со пренос во живо и фотографии помогна Стојан Стојаноски и неговата екипа. Благодарност на сите што помогнаа во учество на овој турнир, вели Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан , претседател на клубот, претседател на Македонската ИТФ и поранешен светски вицешампион Прага’96.

За најдобари клубови на натпреварот беа избрани: „Тајгер тим“ од Перник, „Тервел 2006“ од Севлиево и „Тонг Ил“ од Нови Сад.

Лазаревски потенцира дека организацијата на турнирот била на највисоко ниво, по сите највисоки светски ИТФ стандарди, со електронски судиски ситем со можност за видео протест, заштитник за сите податоци, а за судиската екипа беше задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...