27.9 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза искажан преку социјалните...

Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза искажан преку социјалните мрежи.

МВР презема интензивни мерки во однос на говорот на омраза и тоа е ставено високо на агендата, посебно делот на спроведувањето на Стратегијата за сајбер безбедност и голем дел од граѓаните и препознаваат и пријавуваат, посебно ранливите категории на граѓани, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на пратеничко прашање на Маја Морачанин од ДОМ, со посебен фокус на говорот на омраз искажан кон лица од ЛГБТ заедницата.

Спасовски рече дека во периодот јануари – мај оваа година за делата ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерскиот систем има осум кривични дела и осум сторители, додека во истиот период во 2021 за говор на омраза имало 14 кривични дела и 13 сторители.

-Имаме едно кривично дело загрозување на сигурноста по електронски пат, едно кривично дело и еден сторител, додека во 2021 имало две вакви кривични дела. Предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на верска, национална, расна и друга дискриминаторкска основа лани сме имале едно кривично дело и еден сторител додека оваа година немаме, рече Спасовски.

Министерот вели дека мора да се признае дека за припадниците на ЛГБТ заедницата има малку повеќе говор на омраза и закани кон нив, а регистрирано е дури и едно кривично дело лихварство за што станало збор на средба на која биле Спасовски и Морачанин.

Од јануари 2020 година до мај 2022 на подрачјето на СВР Скопје и во СВР Тетово регистрирани се осум настани поврзани со ЛГБТ заедницата, четири од овие настани се целосно расчистени.

-Поднесени се три кривични пријави и едно известување до ОЈО, рече Спасовски додавајќи дека во овие настани се пријавени пет лица, од кои две за насилство, а едно за уцена и едно за лихварство.

Министерот исто така додаде дека има регистрирано еден настан за загрозување на сигурноста во Тетово и случајот е расчистен.

-Има постапување по уште четири случаи за кои се прибираат дополнителни докази. Ова е фактичката состојба во однос на постапувањето. Сите заедно мора сите да придонесеме да ја сузбиеме оваа состојба, пред се во делот на јавноста и јавната свест, додавајќи дека тоа говорот на омраза е најчест на социјалните медиуми

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...

Додека Скопје тоне во проблеми, Арсовска го враќа Ќосето на кружен тек

Градоначалничката Данела Арсовска преку ЈП Улици и патишта го врати спомен обележјето на Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот. Ваквиот потег на...