20.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме ние, го штитевме македонскиот...

Ковачевски: Одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме ние, го штитевме македонскиот интерес и идентитет

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во добиениот француски предлог за тргање на бугарското вето за ЕУ се инкорпорирани нашите забелешки и оти претставува солидна основа за градење став.

<

Изјавата ја даде по средбата со коалициските партнери на која министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ го образложиле предлогот во детали, имајќи ги предвид и нашите стратешки определби.

Ковачевски рече дека ова е прва од низата средби што ќе се одржат во врска со предлогот: со претседателот на државата, со опозицијата, граѓанското општество, медиумите
– Разговаравме со детали и факти. Позицијата во која се наоѓаме е далеку поповолна за нас. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки. Ќе дебатираме и во Парламентот, со опозицијата и со севкупната јавноста. Предлогот е солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став. Сите лажни тврдења во различни форми потонаа, го штитевме македонскиот интерес и идентитет. Во европскиот предлог има позиции за целосно прифаќање на македонскиот јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. Нашата позиција за почнување на преговорите и Првата меѓувладина конференција е инкорпориран во предлогот доставен кај нас. После оваа средба целиот предлог ќе биде објавен јавно, додаде премиерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонскиот дизајнер на патики, Сатја Грабуловски, со ново ремек-дело за Џејсон Деруло

На својот прв концерт во Македонија, светската музичка ѕвезда Џејсон Деруло доби уникатен подарок – рачно изработени Nike Air Force 1 патики, специјално дизајнирани...

Михаилов: Едно запалено глувче, или запалена опашка на една лисица, може да го рашири пожарот !!

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаилов во гостување во вестите на Сител изјави дека овие месеци видел сешто, па имало случаи кога запалено...

Поради енормна бучава, полицијата во Струга заплени „ламборџини“, БМВ и „ауди“

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Возилата денеска...

„Секогаш ќе те сакам“: Ева Заева се прости од Душко Чифлиганец

Поранешната девојка на младиот бизнисмен Душко Чифлиганец, Ева Заева сподели емотивна објава на Инстаграм откако тој подлегна на повредите по мото трката во Чешка....