22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаАпасиев најави дека можно е утре да се потпише протоколот

Апасиев најави дека можно е утре да се потпише протоколот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во својата вчерашна изјава за „Инфомакс“, кажа дека можно е Владата утре да го потпише Протоколот. Тој најави дека уште од вечерва Левица ќе почне со радикализација на протестот.

<

Моите информации се дека во вторник тие ќе се обидат да го потпишат и потоа ќе се оди со двотретинско мнозинство по балкански методи. Албанските партии не ги рачунајте, тие сонуваат за една друга држава и нема тука лојалност. Остануваат уште 5-6 пратеници и ќе видиме дали ќе бидат купени. За разлика од Преспанскиот договор, сега имаме една компаративна предност. Ако се сеќавате, за Преспанскиот договор немаше вака река народ. Ако се обидат да го спрогнат со европско знаменце, тогаш ви гарантирам, барем Левица има двајца пратеници. Сцените што ги гледавме на комисија за европска кашлица ќе бидат мачкина кашлица во однос на тоа што ние ќе го правиме.

Мислам дека тие се уплашени од тоа и целосно ќе се обидат да го заобиколат Собранието

Плус во однос на бугарското прашање, знаете дека има се уште живи луѓе кои учествувале во тоа. Нашите баби и дедовци кои ни раскажувале за тоа. Така што тука гневот е многу поголем.

Тригерот е постигнат веќе вчера, само се чека таков тригер во вторник! Тензијата треба да се држи перманентно, Левица ќе даде се од себе! Но ние не сме месии, секој човек треба да даде се од себе. Да оддели барем два часа во денот за овде. И да поставиме кампови овде, ќе мора да има смени. – изјави претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...