-1.1 C
Ohrid
вторник, јануари 14, 2025
ПочетнаМакедонијаАпасиев: Види вака БУГАР ОСМАНИ... Пред да се уфилмуеш со „меѓуетнички тензии“,...

Апасиев: Види вака БУГАР ОСМАНИ… Пред да се уфилмуеш со „меѓуетнички тензии“, како некоја испукана петарда, прочитај малку историја на твојот народ.

spot_img

Види вака БУГАР ОСМАНИ… Пред да се уфилмуеш со „меѓуетнички тензии“, како некоја испукана петарда, прочитај малку историја на твојот народ. Ниеден чесен и честит Албанец кој живее од својот труд не го поддржува ова што вие – терористите од Влада – и го правите на Македонија! Еве читај балисту како мојот и твојот народ граделе СОЖИВОТ за време на Војната под бугарска чизма:

Во 1942, бугарски фашистички окупатори го напаѓаат планинското село Долно Јаболчиште – велешко (населено со етнички АЛБАНЦИ). Многубројни војници, контрачети и окупаторски колаборационисти, придружени од тајни агенти и полицајци, влегуваат во селото. Насила ги извлекуваат селаните од нивните куќи, на сред село. Откако се најале, ги построиле и ги натерале да играат оро. Ги тепаат по нозете со суровици, прашувајќи ги каде се партизаните од Велешкиот партизански одред (во најголем број МАКЕДОНЦИ) и кои се нивните локални симпатизери? Иако селаните тоа го знаеле, никој не проговорил!

Тогаш, фашистите почнуваат со мачење и убивање… Вкупниот биланс од дивеењето на овие ѕверови е 11 убиени селани и многумина осакатени, а целото село било физички малтретирано и понижувано. Но, никој од нашите сограѓани Албанци од Долно Јаболчиште не ги предаде партизаните! Никој не кажа каде се кријат, ниту кои се нивните јатаци.

p.s. Извршеното ѕверство не ги одврати тамошните селани од поддршката за НОВ. Повеќемина се вклучиле и во партизанските одреди, а барем четворица младинци од ова село загинале како партизани, во борбите против балистичките и останатите непријателски сили.

#АСНОМживее- Пишува Апасиев на социјалните мрежи

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...

Охридски газда изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер.

Охридската компанија Тамаро, водечкиот локален ланец маркети, изненади тројца од своите вработени кои имаат најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер. Билјана Стевановиќ...