18.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаПрилепчанецот Дејан Аџиоски и македонците од Швајцарија обезбедија 40 неинвазивни респиратори за...

Прилепчанецот Дејан Аџиоски и македонците од Швајцарија обезбедија 40 неинвазивни респиратори за Македонија

spot_imgspot_img

27 мај 2021 година, Женева, Швајцарија – Прилепчанецот Дејан Аџијоски кој живеее во Швајцарија обезбеди 40 неинвазивни респиратори од швајцарската компанија BCD Microtechnique, кои ќе бидат распределени во болниците во повеќе градови низ Македонија: Охрид, Велес, Струмица, Делчево, Кавадарци, Кичево, Битола и Јасеново.

Средства за транспортот, потрошните материјали и за тренинг обуката обезбедија: Седрик Пахуд главен донатор на машините од БЦД Микротехник, Илчо Трајкоски и фирмата Колор систем пајерн, Ванчо Ангеловски, Депалиер Фабиен, Драган Стоиловски, Дејан Аџијоски, Добротворното друштво Македонија од Ешалан, Македонскиот национален совет во Швајцарија, Клубот Пирок, Клубот Пијанец, Заедницата на македонските друштва во Швајцараија, Игор Атанасов главен менаџер во транспортната фирма ДАШЕР и уште дваесетина донатори.

Во Македонија одговорни за тренинг обука на лекарите кои ќе ги ракуваат овие респиратори од типот КОВИДЕР се д-р Билјана Георгиевска и Дејан Златановски од Црвениот крст на Македонија.

Целта на оваа хуманитарна акција е опремување на болниците со соодветни апарати кои ќе овозможат спас на човечки животи во загрозени здравствени услови.

Вредноста на донираните 40 респиратори изнесува околу 400.000 швајцарски франци.

– Целта е да се донираат што повеќе машини за вештачко дишење, кои во услови на пандемија можат да се употребат на заболени од Ковид-19, како и за пациенти со проблеми во дишењето и пад на сатурација под 80%. Операцијата се изведува преку Црвениот крст на Македонија, – изјави Дејан Аџијоски.

СМК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Силјановска ќе добие поддршка од Максим Димитриевски во вториот круг

Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за...

Од денес погледот кон небото нема да е ист!

Од денес погледот кон небото нема да е ист! Од денес над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата,...

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...

Ахмети: Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот!

Ние мора да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Охридскиот...