6.9 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаМишел: Имате историска можност да кажете ДА

Мишел: Имате историска можност да кажете ДА

spot_img

Македонци имате историска можност да кажете – ДА. ДА за почеток на преговорите, ДА на ЕУ, ДА за нашите деца. Вашата земја има можност уште еднаш да стане првак во проширувањето, тоа ќе внесе нова динамика, нови реформи кои ќе ве приближат до ЕУ, а тоа ќе доведе до поголем просперитет, стабилност и отпорност на вашиот народ“, изјави претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, на заедничката прес конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

<

Мишел, кој е во посета на Скопје, претходно присуствуваше и на владината седница.

Тој вели дека земјава може да смета на политичка и финансиска поддршка, а она што е уште поважно, додава тој, е што земјава може да очекува почитување и лојалност од ЕУ.

„Почитуван Димитар, почитувани Македонци, само заедно можеме да се соочиме со огромните предизвици и да живееме во просперитет и безбедност и само заедно можеме да ги надминеме пречките“, рече Мишел.

Тој вели дека предлогот што доаѓа од ЕУ за надминување на бугарското вето е урамнотежено решение кое се упатува на загриженостите што ги има Северна Македонија. Доколку земјава каже ДА на предлогот, првата меѓувладина конференција ќе се организира во следните неколку денови.

„Со овој предлог јасно дискутираме за македонскиот јазик, тој е ваш јазик и предлогот го почитува тоа. Целото европско законодавството ќе биде преведено на македонски јазик. Свесни сме за загриженоста што ја изразија некои луѓе во врска со вашиот национален идентитет и може да сметате на мојата целосна поддршка како претседател на Европскиот совет дека систематски ќе стојам зад вашите легитимни прави. Секако добрососедските односи се неопходен елемент во процесот на проширување“, рече Мишел.

Тој вели дека одлуката сега е во рацете на Северна Македонија.
„Искрено да ви кажам како пријател, оваа можност е премногу важна да се пропушти“, додаде тој.

Премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање рече дека Собранието е местото каде што политичките партии треба да разговараат, откако ќе заврши консултативнот процес на кој се презентира предлогот.

„Сметам дека претседателот Шарл Мишел беше јасен во својата експликација дека ние имаме предлог кој ни овозможува веднаш отпочнување на преговори со ЕУ . На Собранието е да одлучи дали ќе донесеме одлука да ги отпочнеме преговорите и со какви заклучоци – и за тоа треба да разговараат претставниците на политичките партии, тоа се искусни членови на Паралематот и како такво да го дадат на Владата да го спроведе, да го операционализира во врска со одлуката која Собранието ќе ја донесе“, рече тој.

Откако Владата ќе добие заклучоци од Собранието официјално ќе достави одговор до ЕУ.

Ковачевски на прес-конференцијата коментирајќи ги протестите рече дека не е дозволиво да се протестира со качулки, по инцидентите во Собранието од 27 април.

Мишел претходно имаше средба со претседателот Стево Пендаровски, а најави средби и со лидери и координатори на парламентарни партии.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопски зет натепан од бабата и дедото.

На 22.01.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат...

Се уште не се знае колку дена била почината жената од Кавадарци и дали станува збор за убиство

Кавадарчани утрово ги вознемири веста дека во својот стан, каде живеела сама, е пронајдена почината 52-годишната Сузана С.С., а на нејзиното тело имало повреди. Телото...

Наставник од Џепчиште натепал ученик.

Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар. Според...

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во продолжение целосната објава на Апасиев: … „и...