23.9 C
Ohrid
вторник, јули 29, 2025
ПочетнаМакедонијаМВР: Протестантите скршија прозорец од Владата, а чеворица полицајци се во болница...

МВР: Протестантите скршија прозорец од Владата, а чеворица полицајци се во болница…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Четири повреденени полицајци, скршен прозорец на Владат, уништена заштитна ограда. Ова се штетите од вчерашниот протест кои МВР ги регистрираше во денешниот билтен.

<

На 04.07.2022 во СВР Скопје е пријавено дека во врска со ненајавен јавен собир, кој се одржал во период од 19.00 часот до 22.10 часот на подрачјето на СВР Скопје констатирани се неколку нарушувања на јавниот ред и мир. Така, околу 16.50 часот, пред Владата на РСМ, неколку лица го запалиле знамето на Европската Унија. Околу 19.35 часот дел од учесниците на протестот го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање на разни предмети и пиротехнички средства кон објектот на Владата, а дел од нив ја оштетиле и уништиле заштитната ограда.

Околу 20.30 часот дел од учесниците на протестот се упатиле кон зградата на Собранието на РСМ каде фрлале со тврди предмети кон зградата на Собранието и кон полицискиот кордон, при што биле повредени четири полициски службеници кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. На 05.07.2022 во 01.33 часот, пак, е пријавено дека околу 00.20 часот е забележано оштетување на еден прозорец од објектот на Владата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР

Нема информации за приведени демонстранти и отворени прекршочни или кривични постапки.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заев за лицето кое се обиде да подметне пожар: Го немам видено од 2016 година

Полицијата вчеравечер го уапсила лицето Александар Н. од Струмица, кого медиумите го поврзуваат со поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Од МВР...

Поништена јавната набавка на 120 автобуси!

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за...

Директорка на училиште во Виница, си ја вработила ќерката како наставник во истото училиште, иако немала соодветно образование

Кривична пријава против директорка на училиште во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование Надворешната канцеларија за криминалистички работи...

Ангелов со убави вести: Куманово ноќва ќе биде зафатено од пороен дожд

Куманово и дел од Крива Паланка ноќва ќе бидат зафатени од пороен дожд, најави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Како што...