11.9 C
Ohrid
недела, октомври 13, 2024
ПочетнаМакедонијаМаричиќ се гоштевал на државна сметка од –бифтеци и јунешки мускули до...

Маричиќ се гоштевал на државна сметка од –бифтеци и јунешки мускули до калифорниски пастрмки на државна сметка

Нема месец во кој Бојан Маричиќ како министер за правда не бил во ресторан на државна сметка. Од бифтеци и печења до свежи риби и јунешки мускули се плаќале со неговиот министерски потпис. На сметките исто така има и жолти ракии и
висококвалитетни вина. Плаќал со службената картичка, но и на фактури што
угостителските објекти ги доставувале до Министерството за правда. Само од
податоците кои „А1он“ ги добил може да се заклучи дека за една година, од минатиот
јануари до јануари оваа година, Маричиќ исплатил 313.603 денари или 5.000 евра за
гоштавање. Сумата би била поголема ако во неа се пресметаат и трансакциите што с енаправени во евра.

За дел од трансакциите има извештаи кои се доставени до „А1он“, за други нема. Се
јадело во владиниот ресторан, познати скопски места како „Два елена“, „Јавор“, рибниот ресторан „Сидро“, „Маракана“, „Фор“, а најголемата сметка ја направил во пицеријата „Ера“, каде што платил 17.440 денари. За неа, „А1он“ не доби извештај колку и кои лица јаделе, што се нарачувало и зошто трошокот го плаќало министерството.

На државна сметка Маричиќ, некогаш и со гости, според сметките јадел бифтеци, свеж лосос, свежа риба орада, медалјони од бифтек, пилешки и телешки печења, калифорниска пастрмка, јунешки мускул во крем сос, шницли, гулаш. Според сметките што ги доби „А1он“, потпишани од Маричиќ, се гледа дека се пиеле и квалитетни вина, жестоки пијалаци, како ракија, уза, мастики, води, сокови.
„А1он“ не ги доби деталните сметки на кои се гледаат видовите јадења платени со службената картичка што ја користел Маричиќ како министер за правда.

Трансакции од неа има секој месец. Според изводите од банка, со неа плаќал во кафеани и по трипати во месецот. Седел во „Хилтон“, „Александар Палас“, „Џино“. Најмногу плаќања има во ресторанот „Два елена“, дури девет. Таму се платени 71.810 денари или над 1.160 евра за една година само од државната картичка на Маричиќ.
Сметките достигнуваат и до 13.140 денари, но не може да се види што се јадело и пиело.

Најниските сметки Маричиќ ги плаќал во владиниот ресторан, бидејќи цените на пијалаците и специјалитетите се евтини. Па така, таму јадел пржен крап за 196 денари, шеф салата за 130 денари, компир за 20 денари, гравче за 45 денари, јунешко соте за 120 денари, салата од краставици за 20 денари, јунешки гулаш за 240 денари, телешко печење за 160 денари. А се пиело висококвалитетно вино Темјаника за 520 денари, ракија за 20 денари, еспресо за 10 денари, газиран сок за 35 денари. Сите овие сметки се платени од државниот буџет.

Маричиќ на месечно ниво плаќал и фактури за пиење кафиња во кафулето „Концепт“, чиј сопственик е овластено лице во здружение на граѓани, каде основач е експремиерот Зоран Заев. Фактурите кои ги добивал се од 2.440 денари до 5.390 денари. Вкупно, 43.190 биле исплатени кон кафулето Концепт“, чиј сопственик е овластено лице во здружение на граѓани, каде основач е експремиерот Зоран Заев. Фактурите кои ги добивал се од 2.440 денари до 5.390 денари. Вкупно, 43.190 биле исплатени кон кафулето за една година. Какви кафиња и пијалаци, како и дали освен Маричиќ ги пиел и некој друг – нема извештај.
Од вкупно 5.000 евра потрошени од државната каса за плаќање на педесетина сметки за гоштавање со потпис на Маричиќ, само за седум може да се заклучи дека се направени поради работни состаноци. На најголем број од овие ручеци бил и самиот Маричиќ и се платило 85.000 денари или околу 1.300 евра. За останатите 3.700 евра, нема извештаи.

Владата во 2021 година донесе правилник според кој, секој функционер, па и Маричиќ, мора да достави извештај за секоја платена сметка и фактура, со кого јадел и целта на состанокот.

„Конкретно, при плаќањето, без разлика дали е со фактура, во готовина или со службена картица, функционерот до секторот за финансии во институцијата, задолжително мора да приложи и детален извештај за целта на работниот состанок, бројот на присутни лица, време, место и датум кога истиот се одржал. Без овие документи, Секторот за финансии во Државниот орган нема да изврши исплата на угостителските трошоци“, велеа од Владата во 2021 година.

Без извештаи, не може да се утврди ниту дали Маричиќ го пречекорил лимитот на парите кој го има на располагање за репрезентација. Како министер, смеел да плаќа до 1.500 денари по лице, доколку е на работна средба.

Ако сумата од 5.000 евра се подели на дванаесет месеци, може да се заклучи дека Маричиќ со државни пари плаќал речиси по една просечна плата или 416 евра месечно за јадење и пиење.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во липковско полицијата пронајде дрога и оружје.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи...

На денешен ден Колумбо ја открил Америка

На денешен ден во 1492 година прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506 г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров...

Децата што се обиделе да силуваат соученик во Ѓорче Петров се првачиња !!!!

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на...

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.