11.9 C
Ohrid
четврток, април 24, 2025
ПочетнаМакедонијаМаричиќ се огласи по обвинувањата дека се луксузира со народни пари: Вели...

Маричиќ се огласи по обвинувањата дека се луксузира со народни пари: Вели дека не јадел сам, дека имал состаноци и обезбедувал странска помош

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако А1ОН објави дека Маричиќ трошел по една просечна плата од државна сметка за јадење по кафеани, поткрепувајќи ги тврдењата со официјални податоци, се огласи и лично министерот за да ги демантира.

<

Реакцијата е насловена како „со 313.000 денари на стотици состаноци со илјадници соработници во 2021 година обезбедивме успешен Попис и странска помош од 12 милиони евра за дигитализација на судството“.
Маричиќ објаснува дека за тие пари не јадел само тој, па и дека од скапите вечери остварил некоја добробит за Македонија.
Неговата реакција ја пренесуваме во продолжение:

Сакам да ја известам јавноста дека информациите објавени денес на порталот А1он во врска со реализирани службени трошоци во рамки на моите работни задачи како министер за правда во 2021 година се претставени на неточен и манипулативен начин, целосно спротивно од реалноста и вистината.

Вистината поткрепена со факти, извештаи и документи е следна:

За своите активности како министер за правда, за сите работни средби, состаноци, во министерството, надвор од министерството, за сите работни посети на странски делегации, домашни делегации, конференции, семинари, работилници и слични активности и настани на кои јас сум присуствувал заедно со илјадници колеги, соработници, гости и граѓани во 2021 година се реализирани 313.603 денари за период од 12 месеци, или во просек по 857.5 денари дневно.

Сите трошоци се реализирани исклучиво за службени потреби и за работни обврски во рамки на агендите на Министерството за правда и исклучиво за целите и задачите на институцијата. Средбите се реализирани во Министерството за што се користени услугите на бифето на институцијата, во Владата, но и на локации надвор од институциите зависно од дневните агенди и зависно од тоа каде биле закажувани и реализирани состаноците, за што често одлучуваат и соработниците и колегите со кои се реализирани тие состаноци.

За секоја работна средба постои уреден записник и извештај од кој може јасно да се види дека се запазени сите лимити и ограничувања кои ги воведе Владата, односно дека утврдената сума по човек присутен на работна средба во ниту еден случај не е надмината и е целосно во рамки на предвидениот буџет. Исто така, сакам да потсетам дека трошоците на министерството за оваа намена беа намалени за 50%, во споредба со годината пред тоа, но и дека реализираните трошоци се повеќекратно намалени во споредба со трошењата од времето пред 2017 година.
Конечно, за граѓаните да знаат и на ниво на бројки што меѓу другото сум постигнал за време на средбите за кои биле потрошени 857.5 денари дневно или 313.603 денари годишно, ја информирам јавноста дека во текот на 2021 година преку работни состаноци успеав да обезбедам 12 милиони евра странска донаторска помош за реформи во проавосудниот систем, поточно за дигитализација на судовите, која веќе успешно се реализира.

Исто така, за време на работната агенда како министер во 2021 година под моја координација, а секако во реализација на Државниот завод за статистика после 20 години беше реализиран успешен Попис во нашата држава.

Транспарентноста е најдобра алатка за рационално и целисходно работење, па за крај сакам да ги замолам новинарите кои одлучија на ваков начин и во овој момент да презентираат бројки на крајно неточен и погрешен начин, да направат анализа и да и презентираат на јавноста дали се исплати да се реализираат 5.000 евра годишно за работни состаноци на кои е реализирана целокупната агенда на еден министер и на кои се обезбедени 12 милиони евра странски пари за дигитализација на судството.

Ја повикувам јавноста критички и објективно да го прими и толкува овој мој одговор и да направи споредба со начинот на кој А1он одлучиле да ги извртуваат оние 857.5 денари и да ги претставуваат како наводно расипништво, гоштевање или безобразие.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...

Христово Воскресение 2 ден во Дортмунд- Германија

Христово Воскресение 2 ден Дортмунд ____ На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство...

Исчезната е Симона Стојкова- Доколку некој има информации веднаш да пријави во МВР !!!

Краток опис Симона Стојкова има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см и е на возраст од 35 години. Носи наочари и...

Викторија Трајков: Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид...

Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид и околината,...