15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Страв имам само од господ, вечерва ме наместија луѓе од власта...

Мицкоски: Страв имам само од господ, вечерва ме наместија луѓе од власта ама не ме убија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вонредната прес-конференција рече дека подолго време добива информации дека требало да биде ликвидиран, како и дека вечерва пиштолот кој го држеше човекот кој пукаше кога почна протестот, требало да биде вперен кон него. Тој додава дека сето тоа било наместено од власта, бидејќи полицијата ја немало во моментот кога групата се појавила и еден од нив почнал да пука.

<

Подолго време добивам неформални информации за моја ликвидација, вечерва полицијата ја немаше , а мистериозно се појави група од 10 луѓе. Беа испукани повеќе истрели кои за среќа не завршија во народот. Ваквото сценарио го најави власт. Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе има меѓуетнички тензии ако не поминел предлогот. Ковачевски и Спасовски градат милитантен контекст, имаше најава за молотови коктели, за жртви, и откако не им успеа веќе го достигнаа врвот во монструозноста каде требаше да се загуби човечки живот за да останат на власт. Видете го овој пиштол и видете го народот кој не му се плаши. Овој пиштол е е свртен кон народот. Тој беше насочен кон губење на невин човечки живот. На овие слики кои ги гледаме не е најважна етничката припадност, туку гледаме криминалци кои заедно со власта одат против народот. Немојте да се убедувате и да кажувате дека луѓето се од оваа или онаа политичка партија, туку тие имаат една страна , страната на криминалот. Мојата порака до Албанците е дека оваа борба е заедничка, наша и заедничка низ вековите”, изјави Мицкоски.

Тој рече дека се што до сега добил како закана било пријавено во МВР, но никој не постапил и веќе кренал раце.

„Кренав раце и повеќе не пријавувам бидејќи нема ефект од тоа. Можеби сум единствен претседател на политичка партија кој нема обезбедување. Не барам и ако ми дадат нема да прифатам. Како татко и родител сум загрижен, но не се плашам. Се плашам само од еден, а тоа е господ. Продолжуваме утре уште побројни во 19 часот пред Владата. Ако го нема Христијан, ќе дојде друг, ама народот нема да се откаже. Нема чекор назад, одиме напред со народот, силно, мирно и со гордо крената глава. Ова се пораки на обединување, заедништво и смиреност, изминатиот период подолго време добивам информации, еден е Христијан, и да е тука и да не е тука, народот нема да се повлече”, додаде Мицкоски.
Извор:Мкд.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...