12.6 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСинот на Талат Џафери и сопругата на Ислам Абази станаа обвинители

Синот на Талат Џафери и сопругата на Ислам Абази станаа обвинители

spot_imgspot_img

Синот на собранискиот претседател Талат Џафери и официјално стана обвинител. На денешната седница на Советот на јавни обвинители Барлет Џафери беше избран за обвинител во Гостивар.

Тој го мина изборот претходно под контроверзни услови, бидејќи Државната комисија за спречување на корупција објави дека тој положил правосуден испит пред да дипломира.

Џафери е еден од штотуку завршените кандидати на Академијата за судии и обвинители кои на денешната седница на Советот на јавни обвинители се избрани на празните места во обвинителската структура.

Албулена Абази, сопругата на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, исто така денеска е избрана за обвинител во ОЈО Кичево.

Советот на јавни обвинители денеска на 80-тата седница избра 18 јавни обвинители во 12 јавни обвинителства низ земјава и еден Основен јавен обвинител во ОЈО Штип.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...