13.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаМПЦ-ОА го повика народот на обединување: Искористете ги сите демократски средства да...

МПЦ-ОА го повика народот на обединување: Искористете ги сите демократски средства да го зачувате својот опстој

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата вонредна седница, одржана на 5 јули 2022 година, дискутираше за актуелната состојба во македонското општество.
Светиот Синод со загриженост посвети внимание на ситуацијата предизвикана од последниот модифициран француски предлог, како и последиците што би произлегле од истиот, и повторно упатува апел за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси.

<

Како Синод очекуваме Владата и сите останати општествено-политички фактори, вклучени во овој процес да се обединат и да изградат стратегија, која целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја во семејството на европските народи.

Синодот ја информира јавноста, доколку во било која форма биде загрозена македонската посебност, МПЦ – ОА нема да го прифати тоа.

Воедно, го повикуваме македонскиот народ и сите граѓаните во македонското општество на целосно обединување, притоа да ги искористат сите демократски средства за зачувување на својот опстој. Оние, пак, кои одлучиле преку протест да го остварат своето право, тоа да го направат достоинствено, без насилство и без уништување на јавните добра.

Од канцеларијата на

Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...