16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаТаткото на Цуфи Кока: Син ми го бранеше хотелот од хулигани

Таткото на Цуфи Кока: Син ми го бранеше хотелот од хулигани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бизнисменот Аљуш Кока, таткото на Цуфи Кока, кој беше уапсен за време на протестите во Скопје кај плоштадот Скендербег откако пукаше со пиштол пред демонстрантите, бара неговиот син да биде ослободен од затвор.

<

Во интервју за Еуроњуз Албанија, бизнисменот вели дека неговиот син бил принуден да пука со пиштол во воздух за да ги одбие, како што вели тој, хулиганите кои почнале да го оштетуваат неговиот хотел. Според него, се било за самоодбрана и немало никакво сценарио.

Тој подвлекува дека државата никогаш не реагирала за да се идентификуваат лицата кои вршат такви дела, како што е уништување на албански имот.

„Го зеле момчето и веднаш го уапсиле. Од социјалните мрежи дознав дека нешто се случува во мојот објект. Веднаш дојдов, имаше голема гужва, полиција. Ми кажаа дека и мојот син е уапсен. Ја известивме полицијата пред 2-3 дена и усно. Знаевме дека ќе имаме последици бидејќи хулиганите денес не се сами. Насилства има и во парламентот, насилство има и на албански имоти. Никој од државата не побара да се идентификуваат кои се тие луѓе. Не сум против демонстрантите, но не треба да им наштетат на нашите имоти“, рече тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...