25.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаНа денешен ден пред 194 години, во Охрид е роден Григор Прличев.

На денешен ден пред 194 години, во Охрид е роден Григор Прличев.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На денешен ден пред 194 години, во Охрид е роден Григор Прличев.

<

Прличев потекнувал од сиромашно семејство. Уште како мал останал без татко му Ставре, а за фамилијата која се состоела од три машки и едно девојче се грижеле неговата мајка Марија. Бедата на неговото семејство била толку голема што поради немање обувки дедо му на грб го носел до училиште. Во својата Автобиографија со тага истакнува дека кога ја видел мајка си како го носи тешкиот килим на глава и кога никој не сакал да ѝ помогне:

… јас плачев, како некој да беше ја убил мајка… Како ќе се живеј? – си мислев јас и таа мисла остана царица на сите мои мисли.

Сè до својата осумнаесетта година е во Охрид и се школува кај неколку учители. Своето школување неколкупати морал да го прекине за да ѝ помага на својата мајка така што тој продавал муренки, препишувал грчки ракописи за богатите чорбаџии и им помагал на нивните деца во учењето.

После школувањето живее и работи во повеќе балкански културни центри (Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Солун, Атина, Тирана, Цариград, Софија) и владее повеќе европски јазици. Поетската творба Сердарот се смета за апсолутен врв на сиот влог што во уметноста на зборот овој творец го дал. За неа авторот во Атина ја добива од критиката највисоката титула, Втор Хомер.

Прличев сепак се вратил во Охрид, го напуштил својот поетски сон и се посветил на будење на народот низ просветување. За жал, наклеветен од свои сограѓани, за некое време Прличев бил затворен во дебарската зандана каде ја твори Хилјада и седемстотин шестдесет и второ лето:

…Ќе пратит, лицем светци, срцем в,лци
Ќе ве дават ќе ве стрижат, ќе млзат до крв

Меѓу народа ќе сејат несогласје и раздори,
Да се мрази син со татка и со брата брат.

И ќе викнете до Бога и крило не ќе најдете
Смирени ќе наведнете глави доземи

Ќе ми бидете сираци, така било записано
Елате ми да ве гушна за последен п,т…

Григор Ставрев Прличев ♥️
Професор: Анис

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за...

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“ Според...

„Цаци, готова си“ – Охриѓанец упатил закани кон пратеничката Славјанка Петровска пред нејзиниот дом

Доцна синоќа околу 23 часот, пред зградата каде што живее, пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска доживеала непријатен инцидент. Автомобил со охридски...

Дијана Габровска уапсена на Халкидики- Со двајца црнци снимала филм за возрасни.

Необичен инцидент се случил на осамена плажа на Халкидики. Двајца црнци и една жена од бугарско потекло биле уапсени додека снимале филм за возрасни,...