27.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаФранцускиот амбасадор Бомгартнер: Нема сомнеж дека жителите на Северна Македонија се Македонци

Францускиот амбасадор Бомгартнер: Нема сомнеж дека жителите на Северна Македонија се Македонци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер вели дека преговорите за постигнување на, како што нагласува, компромисниот предлог за кревање на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во Унијата морале да се водат во тајност за да бидат ефикасни. Но, нагласува, темата била претставена и споделена во повеќе наврати во КОРЕПЕР, во Советот на амбасадори на земји членки, но и на Советот на министри и за тоа немало никакви забелешки.

<

– Дали е штета тоа што беше така-да, но тоа не е невообичаено. Сметам дека не можеше да биде поинаку, бидејќи дипломатскиот принцип на преговарање наметнува оти доколку сакаме да бидеме ефикасни, треба да бидат вклучени многу мал број луѓе и генерално преговорите да се одвиваат во тајност, вели амбасадорот во Тема на денот на Сител во одговор на прашање дали ваквиот пристап во преговорите создаде дополнителен отпор кај граѓаните во прифаќањето на овој предлог.
Во врска со вчерашната изјава на претставници од невладиниот сектор од Чешка дека согласно информациите што ги добиле од нивното МНР, дека дури ни земји членки на ЕУ не биле информирани за деталите од преговорите, францускиот амбасадор вели дека тоа не е така и оти за официјални информации на оваа тема треба да се прашаат официјалните власти на земјата.

Тој не сакаше да навлегува во деталите на текстовите од договорот, но нагласува, има еден документ кој е над сите, а тоа е Преговарачката рамка.

-Во неа зборуваме за македонски јазик, нема ниту фусноти, ниту звездички. Ако сметате дека ова не соодветствува со црвените линии на суштествена тема за македонската страна, тогаш не би имал што да додадам, вели амбасадорот.

Во врска со тоа што францускиот претседател Емануел Макрон неколкупати употреби термин „северномакедонци“ во неколку дена, францускиот амбасадор рече дека веќе неколкупати било објаснето оти станувало збор за грешка.

-Ќе повторам дека нема никаков сомнеж дека жителите на Северна Македонија се Македонци. Имаше разговори меѓу Елисејската палата и македонското МНР на кои беа дадени објаснувања што одговараат на реалноста и им овозможуваат на сите да ги разберат околностите во кои тоа беше кажано. Сакам да потсетам и дека францускиот претседател пред два дена објави порака во која директно им се обраќа на Македонците, рече францускиот амбасадор Бомгартнер.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...