21.9 C
Ohrid
сабота, септември 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски: За 2 месеци „Шарена револуција“ имаше 13 повредени полицајци, за изминативе...

Спасовски: За 2 месеци „Шарена револуција“ имаше 13 повредени полицајци, за изминативе 9 дена протести има повредено 54

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека на протестите за девет дена од протестите имало повредено 54 полициски службеници, од кои како што наведе, 11 беа потешко, девет имале потешки повреди, двајца посериозни повреди и биле хоспитализирани.

<

Спасовски апелираше до граѓаните достоинствено да се однесуваат кон државата, кон полициските службеници кои го чуваат редот, безбедноста и спокојството. Укажувајќи дека безбедноста не е нешто имагинарно, дека ја чуствуваат граѓаните за сето она што се случува во државата, прослави, настани, во сообраќајот итн., тој уште еднаш повика да не се напаѓаат службениците кои го чуваат Уставот, мирот, стабилноста на граѓаните.

Ме прашавте за споредба да направиме во делот на „Шарената револуција“. Знаете дека 2015 година таа „Шарена револуција“ траеше некаде околу два месеци. Тогаш имавме вкупно повредени 13 полициски службеници со полесни повреди. Така што, апсолутно не е добро ниту еден повреден полициски службеник. Затоа е важно да политичките субјекти, организаторите на овие протести се однесуваат одговорно и своите политички цели да ги остваруваат преку демократски и политички механизми коишто стојат на располагање, рече Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека во државата има хибридни напади, меѓу нив и ширење лажни вести, пропаганда.

– Јас дадов изјава во којашто кажав и денеска потврдувам дека постојат многу хибридни напади врз Северна Македонија и посебно во моменти кога се одлучува за иднината на оваа држава. Тие хибридни напади, еден од механизмите е и ширењето на лажните вести, ширењето на пропагандата, пред сè во креирањето на јавното мислење. Така што, сакам секој еден да ги тргне рацете од Северна Македонија. Ние сме тие коишто треба да одлучуваме самостојно за нашата иднина и за нашата судбина. Така што кој било, дали се тоа руски претставници, дали се било какви претставници, тие треба да си ја гледаат својата работа. Секако дека нашите служби активно работат, соработуваат, разменуваат информации, се со цел да се зачува целосно безбедноста на нашата земја, изјави Спасовски

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...

МВР ќе обезбеди мирни и безбедносни избори.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од Струга порача дека МВР веќе презема мерки за обезбедување мирен и безбеден изборен процес во пресрет...

Македонците пак заминуваат- Aвтобус полн работници на пат за гроздобер во Италија и Швајцарија

Денес уште еден автобус полн со наши луѓе заминува на гроздобер во Швајцарија и Италија. Овој автобус не е само превоз – тој е...

Ѓорѓиевска: Ретко носам штикли, во патики и постојано на терен со граѓаните

Ретко носам штикли, секогаш сум во патики и постојано на терен со граѓаните“, вака ја опиша Ивана Ѓорѓиевска својата досегашна улога на претседател на...