21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаПриведениот за палењето на колата на пратеникот Ристески во притвор- Го искршил...

Приведениот за палењето на колата на пратеникот Ристески во притвор- Го искршил телефонот пред полицајците

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Осумдневен притвор заработи лицето кое вчера полицијата го приведе во врска со опожарувањето на возилото на прилепскиот пратеник Петар Ристески. Меѓутоа, притворот е за друго дело кое го сторил на распитот во полициската станица. „360 Степени“ информира дека приведениот го искршил својот мобилен телефон кога му бил побаран од полициски службеник. Поради тоа, во скратена постапка, ќе му се суди за сторено кривично дело спречување службено лице при вршење на службено дејство.

<

Во меѓувреме, задржано е уште едно лице за кое истражителите веруваат дека има информации околу палењето на автомобилот. Меѓутоа, ниту едниот ниту другиот сѐ уште не се водат за осомничени, односно не им е поднесена кривична пријава.

Од Јавното обвинителство велат дека денеска се обезбедуваат и ќе се прегледуваат видео снимките од надзорните камери, а ќе се вештачат и другите докази за да се утврди дали првото лице е поврзано со палењето на автомобилот.

Пожарот се случи вчера рано изутрината околу 01:45 часот и во него целосно изгоре автомобилот на пратеникот Ристески и делумно она на неговиот татко. Противпожарните служби навреме го изгаснале пожарот за да не се прошири на семејната куќа на Ристески. Повредени нема, а полицијата и прилепското Јавно обвинителство направија увид.

Ристески смета дека ова е обид за да го заплашат поради неговото противење на т.н. француски предлог, став што го споделува и партискиот лидер Христијан Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...