19.9 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаНема плажа за пратениците: Џафери- им нареди да ги откажат сите патувања...

Нема плажа за пратениците: Џафери- им нареди да ги откажат сите патувања во јули

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вкупно 85 пратеници се запишале како присутни, но во собраниската сала влегле само 58 од запишаните. Поради ова претседателот на Собранието,Талат Џафери, денеска ја прекина денешната собраниска седница и ги повика на итна средба лидерите на владејачките политички партии застапени во Собранието, откако не можеше да се обезбеди кворум за работа.

<

Во соопштението од неговиот кабинет е посочено дека Џафери им наложил на пратениците да ги откажат сите службени и приватни патувања на пратениците, кои не се неопходни, во текот на јули со цел непречено работење на Собранието. Доколку не се создадат услови за работа, тој најави дека ќе свика седница за распуштање на Собранието.

„Со ваквото однесување се покажува дека за одредени пратеници, приоритет е нешто друго а не практикување на мандатот кој што им е доверен од граѓаните. Претседателот посети дека тој е секогаш подготвен седниците да ги започне на време, доколку пратениците се присутни во сала“, се вели во соопштението.

На средбата, тој им порачал дека доколку има какви било разлики во одредени ставови внатре во коалицијата, тие треба да се решат на друго ниво, не во пленарната сала.

На денешната 79 пленарна седница на дневен ред беа ставени точките за неколку договори за ратификација, предлог измени на законите за гранична контрола, за оружје, за прекршоци против јавниот ред и мир, потрошувачки права, здравствена заштита како и за граѓанската одговорност за навреда и клевета.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...