10.9 C
Ohrid
понеделник, октомври 14, 2024
ПочетнаМакедонија21 година од убиството на Ѓоко Лазаревски, херојот кој сам го бранеше...

21 година од убиството на Ѓоко Лазаревски, херојот кој сам го бранеше селото Лешок

Пред 21 години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 21 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на слободата на Македонија. Пред 21 година, Ѓоко Лазаревски кој беше припадник на МВР, го даде својот живот за селаните, за Лешок, за Македонија.

Незаборавен, од оние што знаат дека нема поголема доблест и нема поголема вредност од тоа да се сака ближниот и да се сака татковината повеќе од самиот себе. Токму такво е делото на херојот Ѓоко Лазаревски. Лазаревски е еден од македонските херои на поновата историја кој со својот живот ја покажа лојалноста кон неговата татковина.

Како резервист Ѓоко сам се пријавува и оди да се бори за својата татковина. Тој и четворица негови другари неколку дена активно го бранат селото од нападите. Иако добива наредба да го напушти селото, Лазаревски останува на своја одговорност, храбро соочувајќи се со нападите. Успева да ги задржи припадниците на ОНА, за да може селаните да се евакуираат и останува последен.

По неколкудневната борба, Лазаревски е свесен дека повеќе неможат да го издржат притисокот и да возвратат на нападите. Тој им јавува на селаните и неговите најблиски да се евакуираат што е можно побрзо. Овој голем човек, останува храбро да се бори до крај. Погоден во главата, Ѓоко ја завршува својата битка за Македонија.

По убиството на Ѓоко и освојувањето на Лешок припадниците на ОНА ќе го срушат и Лешочкиот Манастир.

Многумина неговото дело го препознаваат во стиховите од поемата „Сердарот”, „Бидете смели, нечесноста не ќе не плаши. Спомнете си кој ви навредувал земја и нека срцата охрабрат Ваши”.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Касами бара парите да бидат на албански јазик.

Биљал Касами вчера во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека еден од Законите кои мора да се промени е тој за Централна банка,...

Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче

Тодор Кирков, зет на убиениот Панче Жежовски, денеска сведочеше на судењето за двојното убиство. Во својот исказ, Кирков ја опиша динамиката на односите со...

Тошковски најави засилен видео-надзор откако првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца првооделенци од училиштето „Димитар...

Ново пукање во Чаир: Непознати лица му пукале во нога додека пешачел.

Денеска (14.10.2024) околу 18.10 часот од ГОБ „Св.Н. Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од Скопје,...