16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаЧетири месеци болните од карцином се без терапии

Четири месеци болните од карцином се без терапии

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дел од пациентите дијагностицирани со карцином и метастази на црниот дроб веќе четири месеци немаат дел од терапиите.
За некои од пациентите со рак терапијата доцни, за други пак, што имаат метастази на црниот дроб воопшто нема дел од терапијата што за нив е неоходна. Таков е случајот со пациентка од внатрешноста која веќе четврти месец сама си нарачува терапија која чини 400 евра од Турција, оти на државна онкологија нема. Таа се плаши да говори јавно, па бараше да остане анонимна, но во телефонски разговор за Канал 5 вели дека одговорот зошто го нема лекот што ѝ е неоходен и треба да го добие на клиника без пари, обично е манифестиран со кренати раменици од страна на вработените.

<

Во меѓувреме, дел од онколошките центри во внатрешноста одамна се затворени, па голем дел од пациентите доаѓаат во Скопје за да примат терапија. Пред скопска онкологија пациентите и нивни блиски што ги затекнавме велат дека мора да го платат патот за стигнат до тука барем еднаш месечно за терапија, но денеска за нив имало лекови.

Поголем дел од пациентите се плашат да говорат пред камера зошто стравуваат дека лекарите ќе им се лутат, но зад објективот тврдат дека терапијата „кацајла“ доцни секој месец, па не ја добиваат на време на 21 ден, туку со десетина дена задоцнување. За нив клучно е лековите да се примат во точен ден за да имаат ефект.

Проблеми со недостатоци на лекови за болни од рак има веќе шест месеци, речиси исто толку време постојат дилеми за злоупотреби на терапии.

Дали лекови за болни од рак се изнесуваат надвор од Клиниката за да се продаваат на црно? Ваквите сомнежи повторно се отворија откако полицијата минатата недела во автомобил на медицинска сестра пронашла 20 различни цитостатици. Од болницата тврдат дека таа е суспендирана од работа, а ревизијата што трае веќе 4 месеци не се знае дали е завршена…

Иако претходниот Министер за здравство Сали јавно тврдеше дека ревизија прави и новата директорка, таа во одговор за Канал 5 сега вели дека проверките ги прави Заковод за ревизија. Виолета Клисарова во писмен одговор признава дека недостатоци на лекови има, а ги објаснува со континуираното зголемување на бројот на пациенти, а и недоволниот буџет што го добива Клиниката, која според официјалните податоци е најголем должник од државните болници, а според последните официјални информации долгот е над 12 милиони евра.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...