4.5 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаЕфтов објаснува зошто сега е објавен разводот на Груевски: Следуваат драматични моменти!...

Ефтов објаснува зошто сега е објавен разводот на Груевски: Следуваат драматични моменти! Ќе биде болен процес за власта, но уште потежок за опозицијата

spot_img

Ако ја слушате сега Ганчовска, таа вели дека во договорот меѓу Скопје и Софија е вграден и Преспанскиот договор. Што ќе значи ако не го почитувате бугарскиот договор, не го почитувате и Преспанскиот договор, а тогаш завршувате на црната листа на Бајден. Затоа се тие драматични атерирања на македонската опозиција. ГО извади народот на улица, го донесоа до точка на реприза на 27 април, го донесоа до точка на потсетување на сите оние кои заборавија како можеше да заврши Македонија ако успееше пучот на 27 април. Тогаш бевме на граница на граѓанска војна.

<

Затоа опозицијата се крши толку. Ова беше финална битка. Се гледаше дека оваа структура предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Левица нивните медиумски логистики и испостави, инфлуенсерки, беа длабоко или дебело платени со одредени пари. Пари кои можеби се во форинти, можеби во рубљи, во долари или денари, не е битно, но ова е финална битка да се биде или не. И за едната и за другата страна. Гледате беше направено се од нивна страна договорот да не биде успешен. Бидејќи нивните кариери, животи, останување во политика, имот, капитал, зависеа од тоа дали ќе биде потпишан овој договор. Тоа беа драматични моменти во Македонија. Губењето на вашата страна, значат губење на вашите привилегии.

Дента кога почнаа преговорите беше објавена вест за барање за развод на Боркица Груевска, со од Никола Груевски. Тајмингот таа вест да биде објавена, точно на тој ден, покажува дека влегуваме во еден процес кога треба да се расчистуваат работите во Македонија. Кога следуваат период на разврски, политички, судски, законски. Пораката која Боркица ја праќа може да се толкува на два начина. Првиот начин дека еден дел од капиталот, или имотот што е на нејзино име да не може да влезе во оној барабан на забранет или блокиран имот на Груевски. Тоа е помалиот проблем. Втората порака е дека таа не верува дека Никола Груевски некогаш ќе се врати во Македонија, односно дека му претстои период на живот сличен на Ванчо Михајлов.

Другата работа што треба да ја разбереме е дека доаѓа време на затвор. Затоа ќе бидат главни битките кој ќе дојде на чело на Агенцијата за национална безбедност и на обвинителството за организиран криминал. Тоа што го помина Хрватска со Санадер, Бугарија со Бојко Борисов, низ таков процес ќе помине и Македонија.

Мислите дека со Жан Митрев ќе заврши целиот процес? Не! Има таму крупни глави да бидат ставени на послужавник. Од пред два дена Македонија ги почна преговорите, од пред два дена се е различно. ТОа ќе биде болен процес за власта, но уште поболен за опозицијата. Целата оваа структура во Белата палата и се гледа крајот на политичката кариера, вели Ефтов во емисијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...