25.9 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаГоран Милевски: Голф теренот во Охрид по сите стандарди

Горан Милевски: Голф теренот во Охрид по сите стандарди

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одобрени се 5.700.000 денари за доуредување на голф теренот кај поранешната Касарна во Охрид, објави министерот Горан Милевски.
инистерот за Локална самоуправа во Владата на Македонија, на официјалниот фејсбук профил објави дека се одобрени 5.700.000 денари за изградба на голф вежбалиште во Охрид.

<

Ова е прва ваква инвестиција во нашите туристички центри. Подобрување и зголемување на туристичката понуда на најголемиот туристички центар во Македонија, е важна за привлекување на поголем број на туристи. Иницијативата за оваа инвестиција е на угостителскиот сектор од Охрид, кои својата идеа ја аплицираа преку Општина Охрид – напиша Милевски.

Средствата ќе се наменат за доуредување на просторот наменет за голф, лоциран во поранешната Касарна.

Со овие средства ќе се направи голф драјв ренџ, мало голф игралиште со 6 дупки и голф академија. Ќе се посади специјална трева наменета за голф терени на површина од 3,5 хектари, но и ќе се набават колички за голф, како и апарати за голф топчиња.

ТВМ уште пред извесно време извести дека за голф теренот имаше голем интерес од најмладите охриѓанчиња кои живеат во тој дел на градот, а несомнено дека истиот ќе привлече голем интерес и од домашните и странските гости.

Пред две години Локалната го даде на стопанисување на ЈП „Билјанини извори“ кои заедно со голф клубот ЦЖГ од Охрид започнаа со уредување на простор.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...