15.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаАнима Мунди со реакција за мисирката пред Собрание: Ова животинче на никого...

Анима Мунди со реакција за мисирката пред Собрание: Ова животинче на никого му нема згрешено и немате право да го измачувате.

spot_imgspot_img

Почитуван македонски народе, не се бара правдина за себе со чин во кој на друго битие му создавате болка, траума, невиден стрес и го лишувате од сѐ што е за него природно. Мисирката е, исто како и човекот, чувствително и свесно битие, способно за емоции и, наспроти општото убедување, мисирката е интелигентно животно кое во случајов никому ништо не му згрешила.
Анима Мунди го подржува правото на протест и верува во силата на народот, но мачење на животни никогаш не било ниту ќе биде досетливо, креативно – човечно – и најостро го осудуваме.
Приморување на животно да биде меѓу таква толпа народ, со врзани екстремитети, кубено, тегнето, обезличено како да е предмет а не жива душа, е најодвратен облик на мачење на животно.

Бараме од организаторите и сите присутни да не бидат инертни пред стравот на ниту едно живо битие и да се оневозможи злоупотреба на животни за какви било цели!
Бараме јасна и недвосмислена осуда на чинот и никако да не се повтори! Бараме птицата итно да се ослободи во нејзината природна средина, или да ни се предаде ако за другото не постои алтернатива.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...

Ахмети: Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот!

Ние мора да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Охридскиот...

23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои

Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Масакрот се случи на денешен ден,...

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...