24.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаМијалков и Камчев зеле станови под кирија во Охрид

Мијалков и Камчев зеле станови под кирија во Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот директорт на УБК, Сашо Мијалков и бизнисменот Јордан Камчев зеле станови под кирија во Охрид за да го сменат живелиштето од Скопје во туристичкиот град и затворските казни за „Имеприја“ да ги издржуваат во отворениот затвор во Струга.

<

Ова произлегува од податоците коишто ги доби „Фокус“ од Министерството за внатрешни работи од каде потврдуваат дека и Мијалков и Камчев живеат во станови под закуп.Лицето С. М. во Охрид живе во стан под закуп. Лицето Ј.К. има побарано промена на живеалиште од Скопје во Охрид на ден 20.04.2022 година. Лицето е сликано за лична карта на 26.04.2022 година, а истата е подигната на 05.05.2022 година. Лицето во Охрид живее во стан под закуп, се вели во одговорот од МВР за „Фокус“.

Мијалков пак барањето за нова лична карта го поднел на 8 јули, дента кога се спогоди со Обвинителството, а ја добил на 20 јули, односно за 12 дена. Според официјалниот одговор што го добивме од МВР, Мијалков на 8 јули отишол во Охрид и во Отсекот за управни работи поднел барање за промена на живеалиштето и промена на адресата на станот од Скопје во Охрид. Тој приложил документација и по направените проверки донесено било решение за промена на живеалиштето, а личната карта му била издадена за околу десетина дена.

Од МВР тврдат дека промена на живеалиштето за Мијалков и Камчев е спроведена во регуларна постапка во согласност со одредбите од Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните на нивно барање со приложување на потребна документација како што е уредено со закон.

Камчев веќе почна да ја издржува затворската казна на 1 јули, треба до одлежи околу седум месеци и да врати пет милиони евра. По неколкумесечни преговори и Мијалков се спогоди за еден од најзначајните случаи на поранешното Специјално јавно обвинителство. Се договори да лежи три години во затвор и да плати 6 милиони евра во кеш и 30-тина милиони евра во имот.

Како Мијалков и Камчев добија „ол инклузив“ во струшкиот затвор со оглед на тоа дека каде ќе се одлежи затворската казна не се определува само според живеалиштето туку се прави и проценка на ризик?

Фросина ФАКОВА- СЕРАФИНОВИЌ fokus

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...